Во Северна Македонија пристигнаа 30 илјади дози вакцини „Синовак“ донација од Турција

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии во врска со пристигнатите 30 илјади донирани вакцини од страна на Турција

1654919
Во Северна Македонија пристигнаа 30 илјади дози вакцини „Синовак“ донација од Турција
Türkiye'den 30 bin Sinovac Aşısı Kuzey Makedonya'ya Ulaştı.jpg
Türkiye'den 30 bin Sinovac Aşısı Kuzey Makedonya'ya Ulaştı1.jpg
Türkiye'den 30 bin Sinovac Aşısı Kuzey Makedonya'ya Ulaştı2.jpg

Денеска, во Северна Македонија пристигнаа 30 илјади дози вакцини „Синовак“ коишто ѝ беа донирани од страна на Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии во врска со пристигнатите донирани вакцини од страна на Турција.

Велејќи дека пристигнаа во неговата земја 30 илјади вакцини „Синовак“ донирани од страна на пријателска Турција, министерот Филипче на својот профил на Фејсбук го напиша следното: „Денес пристигаа 30 илјади вакцини 'Синовак“ како донација од пријателска Турција. Уште еднаш би сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената поддршка и пред се за пристигнатата експресна (многу брза) испорака на ветената количина која е многу значајна за нас.“

Министерот за здравство на Северна Макеоднија Венко Филипче истакна дека донираните вакцини од Турција во најскоро време ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови низ целата држава.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 5 јуни ги прими во Истанбул премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче на враќање од посетата на Турција во Северна Македонија соопштија дека добиле ветување од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дека ќе и бидат донирани на нивната земја 30 илјади вакцини „Синовак“.

 



Слични вести