Потврдена доживотната затворска казна на Ратко Младиќ за геноцид и воени злосторства во БиХ

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија конечно вчера ја потврди претходно изречената првостепена пресуда во врска со Младиќ за доживотен затвор и ја отфрли неговата жалба

1654269
Потврдена доживотната затворска казна на Ратко Младиќ за геноцид и воени злосторства во БиХ

Потврдена е доживотната затворска казна на Ратко Младиќ познат по прекарот „Касапот од Босна“ за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година.

Вчера беше соопштена конечна пресуда во судскиот процес во врска со поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ кој во ноември 2017 година од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) беше осуден на доживотен затвор.

Рочиштето започна откако неколкупати беше одложено поради здравствените проблеми на Младиќ и состојбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија конечно вчера ја потврди претходно изречената првостепена пресуда во врска со Младиќ за доживотен затвор и ја отфрли неговата жалба.

Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал земјаќи ги во предвид извршените злосторства од страна на Ратко Младиќ донесе пресуда да не биде направена промена во претходно изречената првостепена казна за доживотен затвор.

Поранешниот воен командант на босанските Срби Младиќ е прогласен за виновен за 10 од 11 точки изнесени во обвинението, додека е ослободен од членот „за извршено злосторство геноцид“ во градовите Кључ, Сански Мост, Котор-Варош, Приједор, Фоча и Власеница во 1992 година.

Поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година е прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница, опсадата на Сараево и за други разни извршени воени злосторства и злосторство против човештвото.

Инаку, по подготвеното обвинение во врска со поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ кој се криеше скоро 16 години тој беше уапсен на 26 мај 2011 година во Србија, а по шест дена беше екстрадиран во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, каде од 31 мај 2011 година се наоѓа во притвор во затворот Шевенинген.

Судскиот процес против Младиќ започна во мај 2012 година.

Ратко Младиќ кој ја обжали изречената првостепена казна за доживотен затвор од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, наведе дека „не му било судено праведно“ и дека „судиите при донесување на пресудата направиле материјална и правна грешка“ бараше да биде ослобден од обвинението или повторно да му се суди.

Жалбените рочишта на Младиќ беа одржани на 25 и 26 август 2020 година, а неговото барање за нивно одложување поради здравствени причини беше одбиено од страна на Судот, по што 78-годишниот Младич лично учествуваше на рочиштата и самиот ја подготви својата одбрана.

Од друга страна, по потврдената доживотна затворска казна на Ратко Младиќ познат по прекарот „Касапот од Босна“ за геноцид, воени злосторства и злосторство против човештвото од страна на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија, пристигнаа и привите реакции.

Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Мишел Башеле изјави дека ја дочека со задоволство потврдената доживитна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел исто така во споделената објава на социјалната медија во врска со потврдената пресуда на Младич го напиша следното: „Конечната пресуда на меѓународниот суд во судскиот процес против Ратко Младиќ, претставува еден друг чекор во воспоставувањето на правдата за жртвите.“

Воедно и во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот комесар на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, се истакнува дека денешната (вчерашната) пресуда претставува можност за Босна и Херцеговина и лидерите во регионот од аспект на поддржување на средината на компромис, а со цел оставање назад на наследството од војната и изградба на трајниот мир.

Во соопштението се вели следното: „Судовите во Босна и Херцеговина и соседните земји, како и меѓународните судови треба да ја продолжат својата мисија за воспоставување на правдата за извршените злосторства против човештвото и за семејствата на жртвите. Злостортвото не треба да остане неказнето.“

 



Слични вести