Новата рунда од дијалогот помеѓу Србија и Косово ќе се одржи на 15 јуни во Брисел

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес-конференција го рече следното: „Новата рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе се одржи следната недела, во вторник во Брисел“

1654952
Новата рунда од дијалогот помеѓу Србија и Косово ќе се одржи на 15 јуни во Брисел

Новата рунда од преговорите помеѓу Србија и Косово коишто продолжуваат од 2011 година под посредништво на Европската унија (ЕУ) ќе се одржи следната недела, на 15 јуни во вторник, во главниот град на Белгија, Брисел.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес-конференција го рече следното: „Новата рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе се одржи следната недела, во вторник во Брисел.“

На средбата ќе присуствуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ. новиот премиер на Косово Албин Курти и високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел.

Портпаролот Петер Стано истакна дека поради тоа што косовскиот премиер Албин Курти ќе учествува за прв пат дневниот ред ќе се фокусира на прашањето „како ќе се напредува во иднина“, а воедно додаде дека се надева оти рундите од преговорите со  посветеноста и на двете земји коишто продолжуваат од 2011 година ќе резултираат со постигнување на сеопфатен договор за нормализација.



Слични вести