Одлуката за азил на Грција

Оваа одлука е донесена со земање предвид на сите досегашни информации за условите за живот и човековите права на одредени категории луѓе кои бараат меѓународна заштита во Турција

1653773
Одлуката за азил на Грција

Грција соопшти дека нема да прифати апликации за азил направени преку Турција.

Во заедничкото соопштение објавена од грчкото Министерство за надворешни работи и Министерството за имиграција и азил, беше истакнато дека „Грчкото законодавство, Турција ја дефинира како безбедна трета земја за бегалците. Оваа одлука ги опфаќа барателите на азил од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија“.

Во соопштението беше наведено дека оваа одлука е донесена со земање предвид на сите досегашни информации за условите за живот и човековите права на одредени категории луѓе кои бараат меѓународна заштита во Турција, а исто така беше подвлечено дека Турција ги обезбедува сите услови на меѓународна заштита за бегалците кои во Турција пребегнале од наведените земји.

Грчкиот министер за имиграција и азил Нотис Митаракис, во писменото соопштение на оваа тема, подвлече дека тие повеќе нема да прифаќаат барања за азил направени преку Турција од оние што доаѓаат од овие земји,

„Вреднувањето на Турција за безбедна трета земја е важен чекор во борбата против нелегалните приливи на бегалци и спречување на трговија со луѓе“.

Грција често на дневниот ред доаѓа со случаи на незаконско туркање на барателите на азил назад на Егејот во Турција. И покрај многуте извештаи и вести на меѓународните медиуми и хуманитарните организации во оваа насока, администрацијата во Атина не ги прифаќа овие обвинувања.



Слични вести