Во последните 24 часа во Северна Македонијарегистрирани 43 нови случаи на Ковид-19

Вкупната бројка на оздравени изнесува 148.846

1650858
Во последните 24 часа во Северна Македонијарегистрирани 43 нови случаи на Ковид-19

 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 43 нови случаи на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 155.345.

Од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во последното деноноќие починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.429.

Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 148.846.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.070.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.007 тестирања за Ковид-19 со што вкупниот број на извршени тестирања во земјата се зголеми на 802.272.



Слични вести