Чавушоглу продолжува со посетата на Грција

На дневен ред на состанокот ќе бидат односите Турција-Грција, развојот на настаните во Источното Средоземно море и Егејското Море

1648879
Чавушоглу продолжува со посетата на Грција

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, како дел од неговата програма во Атина.

Чавушоглу, кој вчера своите контакти во земјата ги започна со посета на Турците од Западна Тракија, денес одржува средба со неговиот грчки колега во Атина.

На дневен ред на состанокот ќе бидат односите Турција-Грција, развојот на настаните во Источното Средоземно море и Егејското Море.

Покрај тоа, на состанокот, ќе се разгледа и односот на Грција кон имигрантите.

Пред посетата на Грција, Чавушоглу рече: „Во Атина со одиме со позитивна агенда. Бевме позитивни домаќини, очекуваме ист пристап и од другата страна“.



Слични вести