Чавушоглу: „Подготвени сме за дијалог и преговори за подобрување на билатералните односи со Грција“

Сега (со грчката страна) започнавме да работиме на конкретни проекти насочени кон акција и соработка. Постигнавме консензус за 25 точки.

1648971
Чавушоглу: „Подготвени сме за дијалог и преговори за подобрување на билатералните односи со Грција“
Çavuşoğlu-Mitsotakis-Dendias.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече:

„Турција  е подготвена за дијалог и преговори за подобрување на нашите билатерални односи со Грција без никакви предуслови“.

Чавушоглу во рамките на програмата од посетата на Атина, по приемот од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во палатата Максиму, се состана со неговиот грчки колега Никос Дендијас.

Министерот Чавушоглу, на заедничката прес-конференција по состанокот рече:

„Сега (со грчката страна) започнавме да работиме на конкретни проекти насочени кон акција и соработка. Постигнавме консензус за 25 точки. Договорот што го постигнавме денес ќе даде позитивен придонес во нашиот туристички сектор“.

Министерот за надворешни работи Чавушоглу потенцираше дека „ Турција  е подготвена за дијалог и преговори за подобрување на нашите билатерални односи со Грција без никакви предуслови“.

Чавушоглу истакна дека двете земји исто така се согласиле да ги признаат сертификатите за вакцини за соработка во туризмот.



Слични вести