Хаџи реизбран за главен муфтија на муслиманите во Бугарија

Хаџи рече дека ќе се посвети посебно внимание на верското и педагошко образование на муслиманите

1648408
Хаџи реизбран за главен муфтија на муслиманите во Бугарија

 

На конференцијата на Главното муфтиство на муслиманската верска заедница во Бугарија, што се одржа во главниот град Софија, беа утврдени новите членови на управата и промените во статутот.

На гласањето на конференцијата што се одржа во Националната палата на културата, главниот муфтија д-р Мустафа Алиш Хаџи по трет пат беше избран за главен муфтија на земјата.

Д-р Хаџи на истата функција беше реизбран со гласовите на 1039 делегати од вкупно 1305 делегати кои присуствуваа на конференцијата, претставувајќи приближно 1 милион муслимани кои живеат во Бугарија која брои 6,9 милиони жители.

На конференцијата беа утврдени и имињата на 23 члена кои исто така ќе учествуваат во Високиот верски совет на муслиманската верска заедница.

Главниот муфтија д-р Хаџи, во својот говор на конференцијата,  нправи осврт на неговата работа во последните 5 години и ги изнесе своите цели за новиот мандат.

Наведувајќи дека ќе преземат иницијативи за зголемување на приходите на имамите во Бугарија, Хаџи рече дека ќе се посвети посебно внимание на верското и педагошко образование на муслиманите.

На конференцијата присуствуваа амбасадорката на Турција во Софија Ајлин Секизќок, претседателот на Движењето за права и слободи (ДПС) Мустафа Карадаји, чии членови се претежно Турци и други партиски функционери.



Слични вести