Протест во Скопје за поддршка на Палестина и палестинскиот народ и осуда на израелските напади врз Газа

Протестот се одржа на централниот градски плоштад „Македонија“, каде што присутните кои се собраа истакнаа дека „протестираат против нападите на Израел, додавајќи дека палестинскиот народ се соочува со етничко чистење од државата Израел“

1640429
Протест во Скопје за поддршка на Палестина и палестинскиот народ и осуда на израелските напади врз Газа

Во знак на поддршка на Палестина и палестинскиот народ, а со цел осуда на израелските напади врз Газа, во Скопје се одржа протест во организација на неколку граѓански здруженија.

Протестот се одржа на централниот градски плоштад „Македонија“, каде што присутните кои се собраа истакнаа дека „протестираат против нападите на Израел, додавајќи дека палестинскиот народ се соочува со етничко чистење од државата Израел“.

Собраните граѓани извикуваа различни слогани во знак на поддршка на Палестина, меѓу кои „Слобода за Палестина“, „Израел терорист“, „Алаху екбер“, „Реџеп Тајјип Ердоган“, „Слобода“, „Стоп за фашизмот, слобода за народот“, „Крај на опсадата“, „Треба да се биде тивок кога децата спијат, а не кога умираат“, „По Сребреница рековте 'никогаш повеќе'... Засрами се свету! Слободна Палестина!...“

Исто така, протестирачите носеа транспаренти со различни натписи, меѓу кои „Слобода за Палестина, бојкот за Израел“, „Стоп за пролевање на крвта во Палестина“, „Моето срце е со Палестина“, „Крај за окупацијата“, „Не можеме да дишеме од 1948 година“, „Против присилно иселување“, „Израел, целиот свет гледа“.

На протестот се собраа различни граѓански организации и граѓани од различни етнички заедници меѓу кои Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и други, кои носеа и национални знамиња, а дел од протестите беа и неколку граѓани на Палестина и Јордан. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести