Денеска се одржуваат локални избори во Хрватска

На изборите коишто се одржуваат во рамките на преземените мерки против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) право на глас имаат 3 милиони 660 илјади 165 регистрирани гласачи

1640060
Денеска се одржуваат локални избори во Хрватска

Денеска во Хрватска се одржуваат локални избори во општините, градовите и жупаниите.

Граѓаните на Хрватска бираат 425 општински и 127 градски совети, 20 жупаниски собранија и Градското собрание на Загреб, општински началници, градоначалниници и жупани и 70 нивни заминици од националните малцинства и десетина од хрватскиот народ во општините во кои Хрватите се во малцинство.

На изборите коишто се одржуваат во рамките на преземените мерки против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) право на глас имаат 3 милиони 660 илјади 165 регистрирани гласачи.

Државното изборно поверенство (ДИП) на Хрватска  соопшти дека гласачите ќе можат да го искористат своето право на глас од 07:00 до 19:00 часот по локално време, односно ќе можат да гласаат во 6.572 избирачки места на територијата на земјата.

На изборите се натпреваруваат повеќе од 38 илјади кандидати од кои дел ќе бидат нови челници на 428 општини, 127 метрополитски општини и на 21 жупанија, вклучувајќи го и главниот град Загреб кој е и град и жупанија.

Во секој гласачки центар се ангажирани по 10 набљудувачи, додека изборите ќе ги следат 10.500 набљудувачи.

Прелиминарните, неофицијални резултати се очекува да бидат соопштени од страна на Државното изборно поверенство (ДИП) на Хрватска пред полноќ.

Челниците на извршната власт на Хрватска се избираат со мнозинство гласови, а за да бидат избрани денеска, тие мора да добијат повеќе од 50 отсто од гласовите на гласачите.

Доколку кандидатите освојат помалку од половината (од 50 отсто) од гласовите, по две недели на 30 мај ќе се одржи вториот круг во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови.

 



Слични вести