Турција и Србија ги укинаа меѓусебно ПЦР тестовите за Ковид-19

Турција и Србија ги укинаа меѓусебно ПЦР тестовите (PCR тестовите) за новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што граѓаните на двете земји ќе можат да патуваат без поднесување на ПЦР тестови

1639889
Турција и Србија ги укинаа меѓусебно ПЦР тестовите за Ковид-19

Турција и Србија ги укинаа меѓусебно ПЦР тестовите (PCR тестовите) кои беа задолжителни за граѓаните на двете земји во рамките на превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Граѓаните на Турција и Србија со сертификатот за имунизација/вакцина против Ковид-19 издаден од страна надлежните авторитети на своите земји ќе можат да патуваат меѓу двете земји без поднесување на ПЦР тестови (PCR тестови) за Ковид-19. Применувањето стапува во сила од денеска.“

 



Слични вести