Радован Караџиќ, преостантиот дел од казната ќе го издржи во Британија

Караџиќ беше казнет за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени меѓу 1992 и 1995 година, вклучително и геноцидот во Сребреница

1638907
Радован Караџиќ, преостантиот дел од казната ќе го издржи во Британија

Радован Караџиќ, воениот злосторник и злосторник одговорен за геноцидот во Босна, познат и како „Босански касапин“, од Холандија ќе биде префрлен во Велика Британија за да го отслужи преостанатиот дел од доживотната казна затвор на која беше осуден во 2019 година.

Според соопштението на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија, поранешниот српски командант, воениот злосторник Караџиќ, ќе биде испратен во Велика Британија на издржување на казната.

Во соопштението беше наведено дека Караџиќ, кој казната ја издржува во Холандија, ќе биде информиран за одлуката и дека испраќањето ќе се изврши на најбезбеден начин во соработка со Велика Британија.

Караџиќ, кој во 2016 година од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКПЈ) во Хаг беше осуден на 40 години затвор за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, на апелационината постапка која беше окончана во 2019 година, беше осуден на доживотен затвор.

Караџиќ, лидерот на Србите во војната во Босна и Херцеговина, беше казнет за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени меѓу 1992 и 1995 година, вклучително и геноцидот во Сребреница.



Слични вести