Лидерите на ТРСК, Татар и Шенер ги осудија израелските напади

Израел веднаш треба да се откаже од оваа грешка

1638188
Лидерите на ТРСК, Татар и Шенер ги осудија израелските напади

 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ги осуди израелските напади врз џамијата Ал Акса и Палестинците во Источен Ерусалим, кој е под окупација.

Претседателот Татар во писмената соопштение истакна дека остро ги осудува тековните напади на израелските безбедносни сили на Ал Акса за време на светиот месец Рамазан и нивната интервенција со употреба на сила врз палестинските цивили кои клањаат во џамијата.

Татар изјави дека Израел веднаш треба да се откаже од оваа грешка.

Премиерот на ТРСК Ерсан Санер во својата писмена изјава, исто така ги осуди континуираните израелски напади врз Ал Акса во Ерусалим.

Истакнувајќи дека „цивилизираниот“ свет треба што побрзо да го спречи Израел, кој со пролевањето на крвта на невините деца, цивилите му штети на мирот во регионот и светот, Санер го сврти вниманието на фактот дека Кипарските Турци, како во минатото така и денес се на страната на угнетените палестински браќа.



Слични вести