Турција и Србија се договорија за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ го прими амбасадорот на Турција во Белград Хами Аксој за разгледување на прашањето за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина

1637672
Турција и Србија се договорија за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против Ковид-19

Помеѓу Турција и Србија во скоро време  ќе бидат ставени во примена сертификати за вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Српската премиерка Ана Брнабиќ го прими амбасадорот на Турција во Белград Хами Аксој за разгледување на прашањето за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина.

Во оваа пригода Брнабиќ и се заблагодари на Турција за доставената помош на Србија во процесот на епидемијата и го изрази задоволството од тоа што во блиско време ќе почнат да се применуваат сертификатите за вакцина помеѓу двете земји.

Амбасадорот на Турција во Белград Хами Аксој исто така истакна дека примената ќе обезбеди големо олеснување при патување на граѓаните на двете земји за време на туристичката сезона којашто наближува и дека оваа примена се предвидува да започне во наредните денови со размена на дипломатски ноти за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против Ковид-19.

Амбасадорот Hamı Аксој потсети дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори по ова прашање со своите српски и унгарски колеги, а воедно рече дека во 2019 година Турција ја посетија приближно 300 илјади српски туристи.

На средбата присуствуваше и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ која исто така нагласи дека благодарение на меѓусебното признавање на сертификатите за вакцина годинашната сезона ќе помине позитивно.

„Олеснетото доаѓање за турските туристи ќе ја подобри ситуацијата на туристичкиот сектор во Србија, а тоа исто така е добра вест и за нашите граѓани на кои ќе им се овозможи полесно патување во Турција, имајќи предвид дека Турција е една од омилените дестинации за српските туристи. На тој начин, ѝ Србија ѝ Турција можат да очекуваат значително подобра летна туристичка сезона од претходната.“ - рече српската министерка Матиќ.

 



Слични вести