Со декрет на претседателот Радев Бугарија доби привремена влада на чело со Стефан Јанев

Со декрет на бугарскиот претседател Румен Радев е назначена привремената влада чело со премиерот Стефан Јанев, пензионираниот генерал-потполковник Стефан Јанев, кој ја извршуваше функцијата секретар на претседателот Радев одговорен за безбедност и одбрана

1638056
Со декрет на претседателот Радев Бугарија доби привремена влада на чело со Стефан Јанев

Бугарскиот претседател Румен Радев со декрет ја назначи привремената влада која ќе управува со земјата до предвремените парламентарни избори закажани за 11 јули 2021 година.

Согласно објавениот декрет за премиер на привремената влада која ќе стапи на должност и ќе почне да работи од 12 мај (утре) е назначен пензионираниот генерал-потполковник Стефан Јанев, кој ја извршуваше функцијата секретар на претседателот Радев одговорен за безбедност и одбрана.

Претседателот Радев, поради неможноста да се формира нова Влада по одржаните избори на 4 април, со уште два други укази го распушти 45. Национално собрание и го соопшти новиот состав на Централната изборна комисија (ЦИК) составена од 15 члена.

Нов бугарски министер за надворешни работи во привремената влада на чело со Стефан Јанев, ќе биде досегашниот амбасадор во Данска Светлан Стоев, додека поранешниот бугарски преставник во Обединетите нации Георги Панајотов треба да биде новиот министер за одбрана.

Гилиб Донев кој е назначен за заменик премиер воедно ќе биде министер за труд и социјална политика, 

Поранешниот бугарски пратеник од БСП и шеф на истрагата во Бугарија по професија правник Бојко Рашков како заменик премиер одговорен за јавен ред и безбедност ќе биде министер за внатрешни работи.

Економистот Атанас Пеканов  ќе ја извршува функцијата заменик премиер одговорен за управување со финансиските извори на Европа.

 



Слични вести