Татар: Пристрасниот став на ЕУ кон Кипарското прашање им наштетува на напорите за решение

Претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во објавената порака по повод 9 мај - Денот на Европа рече:„Пристрасниот став што го следи ЕУ по Кипарското прашање пак, загрижува и им нанесува голема штета на напорите за решение“

1637051
Татар: Пристрасниот став на ЕУ кон Кипарското прашање им наштетува на напорите за решение

Претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во објавената порака по повод 9 мај - Денот на Европа истакна дека пристрасниот став што го следи Европската унија (ЕУ) кон Кипарското прашање загрижува и им наштетува на напорите за решение.

Велејќи дека со жалење гледаат како Европската унија (ЕУ) во својата перспектива кон Кипарското прашање се оддалечува од своите основни принципи и постапува во спротивност со истите, Татар рече: „Пристрасниот став што го следи ЕУ по Кипарското прашање пак, загрижува и им нанесува голема штета на напорите за решение.“

Ерсин Татар нагласи дека Јужната кипарско-грчка управа која еднострано и на неправеден начин беше примена во членство во Европската унија (ЕУ), ова свое членство го користи како елементи на закана и уцена, така што добивајќи сила од Унијата го продолжува својот бескомпромисен став.

Подвлекувајќи дека ваквиот став на кипарско-грчкиот дел е неприфатлив, Татар ја изнесе следната констатација: „Нашето очекување и желба од Европската унија (ЕУ) е согласно принципот на почитување на правото на сувереност на народите којшто зазема значајно место меѓу нејзините принципи, да го земе во предвид барањето за сувереност на кипарскиот турски народ како одделен народ на Кипар и да постапува во согласност со овој нејзин принцип.“

Претседателот на Турската Реублика Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, воедно додаде дека  посакуваат од Европската унија (ЕУ) да ги исполни своите ветувања коишто му ги даде на кипарскиот турски народ за време на одржаниот референдум на Кипар за Анановиот план, на 24 април 2004 година.

 



Слични вести