Турковиќ: „Турција има конструктивна и стабилизирачка улога во регионот“

Само нашите вистински пријатели ги слушаат нашите повици за помош во тешките моменти

1634590
Турковиќ: „Турција има конструктивна и стабилизирачка улога во регионот“

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, изјави дека Турција има конструктивна и стабилизирачка улога на Балканот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој вчера замина во официјална посета на Босна и Херцеговина по тет-а тет средбата со Турковиќ и состанокот меѓу делегациите, одржаа заедничка прес-конференција.

Турковиќ во оваа прилик им се заблагодари на Турција и на турскиот народ за поддршката за вакцините во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) истакнувајќи:

„Само нашите вистински пријатели ги слушаат нашите повици за помош во тешките моменти“.

Нагласувајќи дека развојот и стабилноста на Босна и Херцеговина се важни за целиот регион, Турковиќ рече:

„Турција има конструктивна и стабилизирачка улога во регионот. Турција не само што го поддржува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, туку исто така го поддржува и нашето членство во Европската унија (ЕУ)“.

Подвлекувајќи дека Турција е најважниот сојузник на Босна и Херцеговина во соработка со НАТО, Турковиќ во продолжение нагласи:

„Турција е важен надворешно-трговски партнер на Босна и Херцеговина. Иако Босна и Херцеговина има дефицит во трговските односи, охрабрувачки се нашите неодамна зголемени бројки за извоз“.

Наведувајќи дека на средбата со колегата Чавушоглу разговарале за низа прашања како што се илегалната имиграција, безбедноста и културата, Турковиќ рече:

„Ние веруваме дека односите со Турција ќе ја зајакнат Босна и Херцеговина и тоа е во интерес на сите народи кои живеат во земјата“.



Слични вести