Предвремени парламентарни избори во Бугарија

И Бугарската социјалистичка партија (БСП), трета по големина партија во парламентот, не успеа да формира влада

1634416
Предвремени парламентарни избори во Бугарија

По парламентарните избори во Бугарија кои беа одржани на 4 април и напорите за формирање коалициона влада кои беа неуспешни, беше одлучено на 11 јули да се одржат предвремени избори.

Бугарската социјалистичка партија (БСП), третата по големина партија во парламентот, не успеа да формира влада.

Корнелија Нинова, водачот на БСП, на која од страна на претседателот Румен Радев и беше доделена мандаторската улога за формирање на владата, го врати мандатот истакнувајќи дека нејзината партија не добила поддршка од втората по големина партија во парламентот „Има таков народ“ и дека на Состанокот на Врховниот совет што го одржа за викендот одлучиле да се откаже од формирањето на владата.

По неуспехот и на БСП, како трета најголема партија во парламентот за формирање влада, претседателот Радев најави дека согласно Уставот, идната недела ќе го распушти парламентот, а предвремени избори ќе се одржат на 11 јули.

Откако Радев ќе го распушти парламентот, тој ќе формира „влада од технократи“ што ќе ги подготви изборите и ќе управува со земјата се до формирањето на новата влада.

Пред БСП, кој имаше 43 пратенички мандати во парламентот кој брои 240 пратеници, и другите две партии со најголем број пратеници исто така не успеаја во обидите за формирање влада.



Слични вести