Ерсан Санер: Кипарско-турската страна презентираше конструктивен став на разговорите во Женева

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер истакна дека кипарско-турската страна презентираше конструктивен став на разговорите во Женева

1631627
Ерсан Санер: Кипарско-турската страна презентираше конструктивен став на разговорите во Женева

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер кој учествуваше на неформалната конференција за Кипар во формат 5+1 што се одржа во Женева на 27-29 април под водство на Обединетите нации (ОН), а на која учествуваа двете страни на Кипар и гаранторските земји Турција, Грција и Велика Британија, на аеродромот Ерџан на враќање во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) даде изјава за новинарите.

Ерсан Санер истакна дека кипарско-турската страна презентираше конструктивен став на одржаната конференција за Кипар во швајцарскиот град Женева.

Санер во врска со тоа дали и како ќе започнат повторно преговорите на Кипар рече: „Кипарско-турската страна презентираше конструктивен став.“

Велејќи дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар на главната сесија на многу јасен начин го претстави процесот на Кипарското прашање до денеска, Санер информира дека претседателот Татар објасни зошто федерацијата не може да биде модел решение и ги изнесе сопствените предлози за поразлично одвивање на процесот.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер воедно го рече и следното: „Ние како кипарски турски народ и во Женева го презентиравме тоа дека при формирање на Кипарската Република во 1960 година бевме суверени најмалку колку кипарските Грци и дека никако нема да направиме отстапка од тоа.“

 



Слични вести