Измислениот ерменски „геноцид“ и Турците во Македонија

Иронијата да биде поголема, Германија за време на Втората Светска Војна, има убиено 17 милиони луѓе, Русија 15 милиони, Франција само во Алжир има убиено над 1 милион Алжирци

1630831
Измислениот ерменски „геноцид“ и Турците во Македонија

Како и секоја година и оваа година сведоци сме на една невидена хајка и црна пропаганда, со која Република Турција, како наследник на Отоманската Империјa, од страна на околу триесетина држави во светот се обвинува за некаков измислен геноцид врз ерменскиот народ во тогашната Османлиска Империја. Меѓу земјите кои 24 април го сметаат како датум на кој наводно се случил овој немил настан и се прогласил како измислен геноцид и го одбележуваат се САД, Русија, Франција, Германија, Италија, Канада како и некои други земји. Иронијата да биде поголема, Германија за време на Втората Светска Војна, има убиено 17 милиони луѓе, Русија 15 милиони, Франција само во Алжир има убиено над 1 милион Алжирци, а сега ја обвинуваат Турција за наводно убиство на над 1,5 милион Ерменци. Што се однесува до бројката, токму горе наведените земји, се разбира со “благослов“ на Ерменија во врска со бројот на жртвите буквално вршат отворена лицитација. Има земји кои оваа бројка ја прикажуваат меѓу 500 илјади и 800 илјади. Но ако се прашува самата Ерменија и нејзиниот најголем сојузник во оваа работа, Франција оваа бројка ја прикажуваат како 1,5 милион. Ако земете во предвид дека во денешна Ерменија живеат едвај некаде околу 2 до 3 милиони жители (и тоа не само Ерменци), може да претпоставите во почетокот на 20-от век колку биле во број Ерменците кои живееле на територијата на тогашната Турција.

Во рамките на така нареченото „Решение на ерменскиот проблем”, османлиските сили во 1915 и 1916 наводно собирале стотици илјади Ерменци од сите делови на земјата, и ги оставале прегладнети до смрт, да пешачат низ сириската пустина и наводно ги убивале. Додека некои историчари денеска зборуваат за „геноцид”, турската влада единствено признава дека имало масовни протерувања и насилни судири, како последици од царство во распад. Со исклучок на некои честити историчари, кои со сериозни аргументи го побиваат овој наводен геноцид и како објективни историчари посочуваат на фактот дека при пропаѓањето на Османлиската империја, ерменските граѓани кои живееле дотогаш во рамките на Османлиската држава, поттикнати и поддржани од некои големи сили (како што е Русија, Франција и сл.) почнале да зададат удар, или нож во грб на тогашната турска армија. Во тие рамки организираат терористички акции врз турската војска, се до крајот на седумдесеттите години од минатиот век, кога убиваат десетици турски дипломати низ Европа. Зачудува тоа што иако цела Европа и светот знаеше дека овие терористички акции и напади се вршеа од страна на некогашната терористичка организација на Ерменците, ТАШНАК, која во подоцнежните години се пренаименува во АСАЛА, не беа приведени или осудени, со исклучок на актерите на убиството на турскиот амбасадор во Белград-поранешна СФРЈ, кои од тогашните безбедносни сили на Југославија беа фатени и осудени.

Зошто сево ова го пишувам? Од причини што за жал голем број информтивни портали и во Република Северна Македонија, по повод 24-ти април објавуваа и пренесуваа информации за одбележување на овој датум, објавуваа коментари и анализи на некои странски коментатори, политичари или колумнисти, без да водат сметка за две работи. Едната е што ниту еден портал кои даваа простор на овој настан, еднострано информираа, објавуваа ставови, коментари и анализи, не водејќи сметка дека во Република Северна Македонија со векови живеат и нивните сограѓани Турци, кои ни криви ни должни се чувствуваат погодени од ваквите фингирани пропаганди за оцрнување на Турците, без разлика дали тие се наоѓаат на територијата на Република Турција, или како дел од големата турска нација, како конститутивен елемент на оваа држава.

Речиси сите по ред кои дадоа простор и значение на овој настан на своите портали, уште еднаш се покажаа дека нивните сопственици и уредниците, како и новинарите кои работат во овие портали, уште еднаш го погазија основниот етички принцип на новинарството. Не давајќи простор и место и на обвинетата страна, во овој случај ставот на официјална Анкара.

Како тоа и да звучи чудно и неморално, уште позачудувачки е односот на политичките првенци на Турците во Македонија (Претседателите на турските политички партии), турските невладини организации, интелектуалците, што не смогнаа сили здружено со организирање на конференции за печат, преку кои во најмала рака би ги осудиле, овие информативни портали, кои го заборавија вистинскиот пријател на Република Македонија, Република Турција, која барем засега се покажа и докаже како единствен искрен пријател на македонскиот народ и држава.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести