Столтенберг: Шпекулациите во врска со промената на границите на Балканот создаваат ризик за нестабилност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Шпекулациите во врска со промената на границите придонесуваат за неизвесност и стануваат причина за ризик за нестабилност во регионот“

1630216
Столтенберг: Шпекулациите во врска со промената на границите на Балканот создаваат ризик за нестабилност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по остварената средба во Штабот на Алијансата во главниот град на Белгија, Брисел, дадоа изјава за претставниците на печатот.

Велејќи дека лично не го видел нонпејперот (неформалниот документ)  за кој што се наведува дека е подготвен од страна на Словенија, Столтенберг рече: „Шпекулациите во врска со промената на границите придонесуваат за неизвесност и стануваат причина за ризик за нестабилност во регионот.“

Столтенберг, одговарајќи на прашањето за нонпејперот (неформалниот документ) во врска со промената на границите на Балканот за којшто се тврди дека словенечкиот премиер Јанез Јанша му го испратил на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, истакна дека ги видел вестите во врска со документот.

Тој рече: „Не можам да коментирам во врска со документ којшто не сум го видел. Значајно е следното: Шпекулациите во врска со промената на границите придонесуваат за неизвесност и стануваат причина за ризик за нестабилност во регионот. Не може да биде во полза било каква шпекулација во врска со тоа. Она што е значајно за НАТО се безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Тоа е значајно за безбедноста, ѝ на регионот, ѝ на Европа. НАТО на различни начини ја поддржува стабилноста на регионот.“

Нагласувајќи дека НАТО ќе продолжи да работи на стабилноста заедно со своите членки и партнери во регионот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја изнесе следната констатација: „Најдобриот пат за воспоставување на стабилноста и безбедноста во регионот се конструктивниот дијалог и почитувањето на меѓународно признатите граници.“

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во својот говор идеите во врска со промената на границите на Балканот ги оцени како „крајно опасни“.

Потсетувајќи на неговите разговори со лидерите на земјите на ЕУ и членките на НАТО, Пендаровски рече: „Би сакал да го нагласам особено ова. Никој, ама никој, не ги поддржува ваквите документи. И тоа што не се јавно познати во јавноста нивните автори е доказ дека дури и тие се срамат од овие идеи.“

Велејќи „Само оние кои не успеваат дури да ги поддржат националните интереси на граѓаните на својата земја создаваат такви документи“, Пендаровски рече дека оние кои го подготвиле документот се лица кои мислат дека просперитетот ќе дојде кога луѓето ќе бидат поделени на етничка основа.

Во документот чија содржина беше објавена во вестите во словенечките медиуми, се појави дека постојат членови за поделба на Босна и Херцеговина, обединување на Република Српска (РС), едниот од двата ентитета на Босна и Херцеговина, со Србија и обединување на Косово со Албанија.

Документот подготвен на англиски јазик со наслов „Западен Балкан - патот напред“ се вели дека не е официјален став на Словенија и се наведува дека тоа е „решение“ за проблемите со кои се соочува поранешна Југославија.

 



Слични вести