Преброени речиси сите гласови на изборите во Албанија: Социјалистите на Рама водат со 48,67 отсто

Преборени се речиси 95 отсто од гласовите: Социјалистичка партија (ПС) освои 74, Демократската партија (ПД) на Љуљзим Баша 59, Социјалистичкото движење за интеграција  (ЛСИ) 4 и Социјалдемократската партија (ПСД) 3 пратенички места

1629477
Преброени речиси сите гласови на изборите во Албанија: Социјалистите на Рама водат со 48,67 отсто

Преброени се речиси сите гласови на одржаните парламентарни изборите во Албанија на 25 април, во недела, и продолжува да води владејачката Социјалистичка партија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама со освоени 48,67 отсто од гласовите на албанските бирачи.

Според податоците објавени на интернет страницата на Централната изборна комисија (KQZ) на Албанија, завршни пребројувањето во 4.959 избирачки места од вкупно 5.199 избирачки места (приближно 96 отсто).

На прво место се наоѓа владејачката Социјалистичка партија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама со освоени 48,67 отсто од гласовите, а веднаш по неја на второ место е коалицијата составена од 13 партии предводена од најголемата опозициска партија Демократската партија (ПД) на Албанија на чело со Љуљзим Баша, со освоени 39,40 отсто од гласовите.

Една друга опозициска партија Социјалистичкото движење за интеграција  (ЛСИ) со освоени 6,85 отсто од гласовите се наоѓа на третото место, а на четврто место е Социјалдемократската партија (ПСД) со освоени 2,24 отсто од гласовите на албанските бирачи.

Според сегашните нецелосни резултати, владејачката Социјалистичка партија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама освои 74 пратенички места, Демократската партија (ПД) на чело со Љуљзим Баша 59, Социјалистичкото движење за интеграција  (ЛСИ) 4 и Социјалдемократската партија (ПСД) 3 пратенички места во Парламентот составен од 140 мандати.

Претседателот на Централната изборна комисија (KQZ) на Албанија Илирјан Целибаши, вчера соопшти дека првите неофицијални резултати ќе бидат соопштени во рок од 48 часа.

Процентот на излезеност на изборите изнесуваше 47,94 отсто.

 



Слични вести