На парламентарните избори во Албанија води Социјалистичка партија (ПС) на премиерот Еди Рама

Според податоците објавени на интернет страницата на Централната изборна комисија (KQZ) на Албанија, на одржаните парламентарни избори вчера во Албанија води владејачката Социјалистичка партија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама

1628605
На парламентарните избори во Албанија води Социјалистичка партија (ПС) на премиерот Еди Рама

На одржаните парламентарни избори вчера во Албанија води владејачката Социјалистичка партија (ПС) на актуелниот премиер Еди Рама.

Според податоците објавени на интернет страницата на Централната изборна комисија (KQZ) на Албанија, завршни пребројувањето на некаде околу 31 отсто од гласовите или 1.614 избирачки места од вкупно 5.199 и води владејачката Социјалистичка партија (ПС) на премиерот Еди Рама со освоени 49,58 отсто од гласовите.

На второ место е коалицијата составена од 13 партии предводена од најголемата опозициска партија Демократската партија (ПД) на Албанија на чело со Љуљзим Баша, со освоени 38,7 отсто од гласовите.

На трето место е една друга опозициска партија Социјалистичкото движење за интеграција  (ЛСИ) со освоени 7,12 отсто од гласовите. Социјалистичкото движење за интеграција, предводено од Моникр Криемади, пред изборите постигна договор со Демократската партија за заедничко владеење по изборите.

На одржаните парламентарни избори во Албанија на 25 април се натпреваруваа 12 политички субјекти, две коалиции и 10 партии, како и неколку независни кандидати, од 12 изборни единици кои одговараат на окрузите во земјата.

На изборите беа во трка 1.841 кандидат за 140 пратенички места во Собранието на Албаниија, а право на глас имаа 3 милиони 588 илјади 869 гласачи кои гласаа во 5.199 гласачки центри низ земјата.

Според неофицијални резултати добиени од излезните анкети, Социјалистичката партија (ПС) на премиерот Еди Рама се очекува да освои некаде околу 44,5 до 48,5 отсто од гласовите помеѓу 68 и 72 пратеници, а Демократската партија (ПД) околу 42 до 46 отсто и помеѓу 64 и 68 пратеници.

Претседателот на Централната изборна комисија (KQZ) на Албанија Илирјан Целибаши, вчера соопшти дека првите неофицијални резултати ќе бидат соопштени во рок од 48 часа.

Процентот на излезеност на изборите изнесуваше 47,94 отсто.

 



Слични вести