ЕУ не е за било каква промена на границите на Балканот

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Ерик Мамер рече: „Позицијата на ЕУ по ова прашање е јасна. Не сме на страната на било каква промена на границите.“

1628679
ЕУ не е за било каква промена на границите на Балканот

Европската унија (ЕУ) соопшти дека не е на страната на било каква промена на границите на Балканот.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Ерик Мамер на одржаната редовна прес-конференција одговараше на едно поставено прашање и притоа нагласи дека не виделе неофицијален документ (нон пејпер во врска со промената на границите на Балканот за којшто веќе долго време како во печатот на балканските земји се тврди дека бил поднесен од страна на словенечкиот премиер Јанез Јанша до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а воедно рече дека не знаат за идеите во врска со прашањето на промената на границите. 

Мамер рече: „Позицијата на ЕУ по ова прашање е јасна. Не сме на страната на било каква промена на границите. Според мене ова веќе е прашање коешто треба целосно да го заборавиме. Нашиот став по ова прашање е јасен, независно од тоа каков документ (пејпер) е поднесен, дојден или не е дојден.“



Слични вести