Парламентарни избори во Албанија

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), на овие избори се регистрирани со право на глас 3 милиони 588 илјади 869 гласачи кои гласаат во 5.199 гласачки центри низ земјата

1627843
Парламентарни избори во Албанија

Денеска во Албанија, во услови на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се одржуваат парламентарни избори.

Процесот на гласање за избор на новите 140 пратеници во Парламентот на Албанија започна во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот по локално време.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), на овие избори се регистрирани со право на глас 3 милиони 588 илјади 869 гласачи кои гласаат во 5.199 гласачки центри низ земјата.

На изборите учествуваат две коалиции.

Под водство на најголемата опозициска партија во земјата Демократската партија (ПД), е формирана коалиција наречена „Коалиција на Демократската партија - Алијанса за промени“, која се состои од 13 партии, а втората коалиција е „Алијанса на народно обединување - Емиграција - Час на надежта и конзервативците“ (АБЕОК), која се состои од четири партии.

Освен две коалиции, на изборите учествуваат и 10 политички партии и 5 независни кандидати меѓу кои  се наоѓа и владејачката Социјалистичка партија (ПС) која на овие избори учествува сама.

На денешните избори се натпреваруваат 1.841 кандидат од кои приближно 40 отсто се жени.

Покрај тоа што овие избори ќе се одржат на 25 април во период на пандемијата на Ковид-19, меѓу новостите на овие избори се новиот изборен систем, електронското гласање и електронското броење гласови што ќе се применува како пилот-проект во Тирана.

Според изборната реформа којашто заврши во минатата (2020) година како резултат на долгогодишната работа во Парламентот на Албанија, за избор на пратеници во Парламентот составен од 140 пратенички места ќе се применува пропорционален систем со регионална конкурентност и национален изборен праг од 1 отсто на територијата на целата земја. Во новиот систем, гласачите освен за партиите, ќе можат да гласаат и за посакуваниот кандидат.

Од друга страна, во текот на изборниот ден на сила се и актуелните мерки против новиот тип коронавирус ( Ковид-19), како што се носење маски, одржување на физичко растојание и забрана за собирање.

По завршување на изборниот процес, на сила ќе биде и мерката за забрана за движење од 22:00 до 06:00 часот по локално време.

 



Слични вести