Грчкиот премиер Мицотакис рече дека ќе се сретне со претседателот Ердоган

Ќе имаме средба, затоа што треба да разговараме

1626907
Грчкиот премиер Мицотакис рече дека ќе се сретне со претседателот Ердоган

 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека ќе се сретне со претседателот Реџеп Тајип Ердоган: „Ќе има средба затоа што треба да разговараме. Верувам дека средбата нема да задоцни“.

Мицотакис во интервјуто за еден приватен телевизиски канал направи проценка на турско-грчките односи.

Запрашан за неговата средба со претседателот Ердоган, Мицотакис рече: „Ќе се сретнам со Ердоган. Не сум во позиција да кажам кога ова ќе се случи. Ќе имаме средба, затоа што треба да разговараме. Верувам дека состанокот нема да биде одложен“.

Мицотакис сугерираше дека „Турско-грчките односи сега прераснаа во односи меѓу Турција и Европа“.



Слични вести