Турција и донира униформи на Армијата на Северна Македонија

Донираните 7.400 комплети гортекс униформи од страна на Турција наменети за припадниците на Армијата на Северна Македонија, со свечена церемонија и беа предадени на Армијата на Северна Македонија

1625849
Турција и донира униформи на Армијата на Северна Македонија
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı1.jpg
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı2.jpg
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı3.jpg
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı4.jpg
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı6.jpg
Türkiye Kuzey Makedonya Ordusuna Üniforma Bağışı5.jpg

Турција и донира униформи на Армијата на Северна Македонија.

Донираните 7.400 комплети гортекс униформи од страна на Турција наменети за припадниците на Армијата на Северна Македонија, со свечена церемонија и беа предадени на Армијата на Северна Македонија.

На одржаната церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје присуствуваа и министерката за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска и амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок.

Министерката Радмила Шекеринска во говорот што го одржа овде истакна дека Турција на состаноците на НАТО постојано велеше дека „стабилноста на регионот може да се зголеми само со зачленување на Северна Македонија во НАТО“.

Таа рече: „Денеска сме овде заедно со амбасадорот на Турција по повод оваа донација од страна на нашите сојузници, а тоа се 7.400 гортекс униформи, од кои секој припадник на Армијата на Република Северна Македонија, практично, освен основната опрема ќе добие и униформа одело гортекс која му овозможува живеење, вежбовни активности и операции во секакви временски услови.“

Шекеринска, подвлекувајќи дека ова е само мал дел од поддршката на Турција која ја дава и во изминатите и во овие години, истакна дека оваа униформа ќе се носи и со гордост и со свесност дека е вложено и во безбедноста на татковината, но и во безбедноста на регионот и на Алијансата.

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, исто така во говорот што го одржа на церемонијата рече: „Турција како земја која се наоѓа на напредно ниво во сферата на одбранбената индустрија ќе продолжи да ја дава секој вид поддршка во правец на целта за модернизација на Армијата на Република Северна Македонија.“

Привлекувајќи внимание дека соработката помеѓу двете земји која се базира на цврсти темели ќе продолжи да се развива во сите сфери и во иднина, амбасадорот Секизќок истакна дека Армијата на Северна Македонија во наредниот период ќе продолжи успешно да ги извршува своите одговорности коишто ги презема.

 



Слични вести