Татар. „Не прифаќаме да не сметаат за малцинство“

Кипар можеби е мал остров, но има важна позиција во Источниот Медитеран

1625479
Татар. „Не прифаќаме да не сметаат за малцинство“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар изјави дека никогаш нема да прифатат наметнување на каков било пристап во кој Турците на Кипар ќе се сметаат за малцинство.

Татар на онлајн панелот организиран од тинк-тенк Фондацијата Турско наследство (ТХО) со седиште во Вашингтон, ги оцени неофицијалните разговори и агендата што треба да се одржат во Женева, Швајцарија на 27-29 април.

Надоврзувајќи се на минатото на Кипар и фазите низ кои помина Кипар, Татар рече: „Кипар можеби е мал остров, но има важна позиција во Источниот Медитеран. Со неодамнешните случувања во контекст на правата за гас, енергија и дупчење, се стекна со поголемо значење “.

Во врска со процесот на членството на Јужно кипарската управа во ЕУ, Татар рече: „Грчката администрација не требаше да биде примена во ЕУ без компромис во рамките на самиот Кипар. тоа беше многу измамнички и нефер чекор“.

На состанокот во Женева на 27-29 април, има многу што да се каже, нагласи Татар и додаде: „Турција искрено и од се срце го поддржува нашиот став дека нашето ново решение треба да се заснова на две држави. Овој нов став со Турција ние ќе го изнесеме на маса во Женева.“ Ерсин Татар во продолжение рече дека „Сега дојдовме до заклучок дека дискутирањето за федерацијата е само губење време. Нема веќе решение за ова прашање, бидејќи претходно неколкупати беше испробано. Затоа, ние треба да донесеме нов концепт и да изнесеме нова приказна на масата. Тоа пак треба да се заснова на фактите на терен: вистината на теренот е дека треба да има две држави“.

Изјавувајќи дека тие никогаш нема да го прифатат наметнувањето на било кој пристап со кој Турците на Кипар ќе се сметаат како малцинство, претседателот Татар рече: „Таквото наметнување освен тоа што не е демократски ниту хумано, исто така не може да биде успешно“.



Слични вести