Реакција од Турците од Западна Тракија против изјавите на Дендиас со негирање на турскиот идентитет

Изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во врска со муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, се дочекани со реакција од страна на институциите и организациите на малцинствата

1622917
Реакција од Турците од Западна Тракија против изјавите на Дендиас со негирање на турскиот идентитет

Турското малцинство во Западна Тракија соопшти дека негирањето на турскиот идентитет од страна на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас е неприфатливо.

Изјавите коишто ги употреби Дендиас во врска со муслиманското турско малцинство во Западна Тракија за време на неговата остварена посета на Турција на 15 април, се дочекани со реакција од страна на институциите и организациите на малцинствата.

Во објавеното соопштение од страна на Здружението за солидарност на Турците од Западна Тракија (BTTDD) се нагласува дека се неприфатливи изјавите коишто ги употреби грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во врска со муслиманското турско малцинство на одржаната заедничка прес-конференција, по остварената средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на неговата посета на Анкара.

Во соопштението на „BTTADK“ се истакнува дека на одржаната прес-конференција во Анкара беше поставено на дневен ред Договорот од Лозана од 1923 година и обострано оставените малцинства во Турција и Грција, во врска со што се вели следното: „Неприфатливо од наша страна е тоа што нашиот министерот за надворешни работи Дендиас го негира турскиот идентитет на нашето малцинство.“

Исто така и во објавеното соопштение од страна на Здружението за солидарност на Турците од Западна Тракија (BTTDD) чии седиште се наоѓа во Истанбул, се осудени изјавите на грчкиот министер за надворшени работи Никос Дендиас во врска со турското малцинство во Западна Тракија за време на неговата посета на Анкара.

Претседателот на Федерацијата на Турците од Западна Тракија (ABTTF) Халит Хабипоглу пак, во објавеното писмено соопштение истакна дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дандиас негирајќи го турскиот идентитет го смета за ништовно најосновното човеково право. 

 



Слични вести