Скандалот на издавање пасоши со лажен идентитет

Овие лица биле следени подолг период, со цел преку посебни истражни мерки целосно да бидат документирани делата за кои се товарат

1622000
Скандалот на издавање пасоши со лажен идентитет

 

Политичката арена во Република Северна Македонија деновиве се разбранува со уште еден скандал. Како резултат на операцијата на полицијата против вработени во Управните служби на МВР (Министерство за Внатрешни Работи) во Скопје, кои ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски пасоши со туѓ идентитет за членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, барани со меѓународни потерници. Жени и мажи, Македонци, Албанци и Бошњаци, биле дел од групата приведени во оваа акција, кои ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски пасоши со туѓ идентитет за членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, барани со меѓународни потерници. Лицата биле следени подолг период, со цел преку посебни истражни мерки целосно да бидат документирани делата за кои се товарат, но и за да се откријат и други учесници во криминалната мрежа. Во бегство е единствено лицето кое не било вработено во МВР, а во криминалната мрежа имало улога на посредник.

Овие лица биле следени подолг период, со цел преку посебни истражни мерки целосно да бидат документирани делата за кои се товарат, но и за да се откријат и други учесници во криминалната мрежа, некои и надвор од земјава. Како и во многу други  вакви и слични скандали осомничените во критичниот период покажале и многу знаци дека финансиски не егзистираат само од скромната плата заработена во МВР: Тие возеле скапи и луксузни автомобили, купувале недвижен имот. Тие се товарат дека подолг период преку издавање патни исправи под друго име им овозможувале на лица од висок ризик да бегаат од законот, да патуваат непречено и да се прикриваат во разни држави.

Случајот во моментов е обвиткан со контроверзи кои создаваат забуна во јавноста. Овој скандал пред јавноста ја изнесе опозиционата партија на ВМРО-ДПМНЕ. Од тие причини со право се поставува прашањето и дилемата: дали ВМРО-ДПМНЕ ја саботирала оваа акција, или како што смета опозицијата-надлежните немало да се разбудат од зимскиот сон  ако тие не проговориле за детали од аферата „Мафија“, добиени од свиркачи од МВР. Се поставува прашањето: Кога почнала истрагата за овој случај? Според министерот Спасовски, истрагата започнала на 20-ти февруари 2019 година, што значи дека траела нешто повеќе од две години. Од друга страна, Наке Чулев, кој стана технички министер за внатрешни работи на трети јануари 2020 година, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, на Фејсбук објави дека министерот Оливер Спасовски имал „речиси цели четири години за да ја заврши истрагата“, со што имплицира дека таа била започната многу порано.

Исто така се поставува прашањето: „Кој ја водел истрагата?“ Според некои извори, случајот бил воден од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но наводно на 10-ти декември 2020 бил „отстапен“ на Основното јавно обвинителство-Скопје. Се поставува прашањето: Зошто?

Едно друго прашање, кое деновиве се поставува овде во Македонија е: Во кој период биле незаконски издадени 215 пасоши? Засега наводно во интерес на истрагата која е од поширок обем (и во други земји) детали за сите прашања веројатно ќе објават наскоро.

Меѓу добитниците на незаконски добиени патни исправи кои беа  обелоденети, се две од 215-те лица: едниот е Јован Вукотиќ од Котор, водач на озлогласениот црногорски Шкаљарски клан за трговија со дрога, и турскиот граѓанин, Седат Пекер кој добил патна исправа на име Џадин Адемовски. И двајцата во матичните земји се поврзани со криминални скандали, бегства и затворски казни.

За тоа колку е важно нивните живи колеги да паднат во рацете на полицијата, говори фактот дека тие се барани од многу полициски служби, а за потрагата по нив сведочи и личното трауматично искуство на еден белградски комерцијалист. Причината за тоа е што имал идентично име со братот на еден од познатите криминалци.

Ова е само еден илустративен пример, кој укажува колку се долги пипците на мафијата, во чии бази може да влезат, колку невини лица може да бидат загрозени поради тоа, но и колку добива полиција која ќе успее да им влезе во трагата на криминалните групи и да се справи со нив. Или колку губи ако не успее во тоа.

Потоа операцијата на турските безбедносни сили против мрежата на познатиот турски криминалец Седат Пекер, уште повеќе ги разгоре дискусиите и дебатите како во медиумите овде во Македонија, така и во македонската јавност. Очигледно дека аферата со издавање фалсификувани пасоши ќе има тектонски раздвижувања од пошироки размери и во нејзиното расчистување ќе се вклучат и најразвиените и моќни разузнавачки служби, и разузнавачките служби од регионот и пошироко.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести