Фондација „Маариф“ на Турција купи дел од 10.000 м2 од кампусот на Универзитет ФОН во Скопје

Членот на Одборот на доверители на Фондацијата „Маариф“ на Турција Селим Џеррах истакна дека со склучената соработка со Универзитетот ФОН е купен дел од кампусот каде што ќе се образуваат околу 1.000 ученици од основно до средно образование

1619779
Фондација „Маариф“ на Турција купи дел од 10.000 м2 од кампусот на Универзитет ФОН во Скопје

Помеѓу Фондацијата „Маариф“ на Турција (ТМВ или TMV) и Универзитетот ФОН во главниот град на северна Македонија, Скопје, е потпишан договор за купување на дел од 10.000 метри квадратни од кампусот на универзитетот.

На церемонијата за потпишување на договорот што се одржа во кампусот на Универзитетот ФОН, присуствуваа делегација на чело со Селим Џеррах членот на Одборот на доверители на Фондацијата „Маариф“ на Турција, амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок,  координаторот на Фондацијата „Маариф“ на Турција во Северна Македонија Мустафа Дилиоглу, сопственикот на Универзитетот ФОН Фиат Цаноски и претседателот на Извршниот совет на Халкбанк во Скопје Билал Суџубаши.

Членот на Одборот на доверители на Фондацијата „Маариф“ на Турција Селим Џеррах во дадената изјава за новинарите истакна дека со склучената соработка со Универзитетот ФОН е купен кампус каде што ќе се образуваат околу 1.000 ученици од основно до средно образование.

Потсетувајќи дека Фондацијата „Маариф“ на Турција (ТМВ или TMV) по Косово почна да делува и во Северна Македонија, Селим Џеррах рече: „Сега образовните активности коишто ги водиме овде ќе ги продолжиме во многу посилна и многу попристојна средина.“



Слични вести