Во новиот состав на Парламентот на Бугарија ќе има 27 пратеници Турци и муслимани

За влез во 45. состав на Парламентот на Бугарија кое се состои од 240 пратеници се изборија 27 пратеници по потекло Турци и муслимани

1618614
Во новиот состав на Парламентот на Бугарија ќе има 27 пратеници Турци и муслимани

Познати имињата на пратениците кои се избрани на одржаните парламентарни избори во Бугарија на 4 април. 

Според објавениот список на Централната изборна комисија (ЦИК), внимание привлекува тоа што од 240 пратеници колку што брои Парламентот на Бугарија 27 мина се по потекло Турци и муслимани.

Партијата на Движењето за права и слободи (ХОХ) во која мнозинството го сочинуваат Турци бројот на своите пратеници во 45. состав на Парламентот го зголеми за 4 и ќе располага со пратеничка група составена од 30 мандати.

Движењето права и слободи (ХОХ) како сила која традиционално им одделува најшироко место на граѓаните на Бугарија по потекло Турци и муслимани, во својата пратеничка група ќе располага со 25 пратеници од ова етничко и верско потекло.

Поранешниот министер за култура Вежди Рашидов од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) чиј лидер е премиерот Бојко Борисов, ќе биде пратеник и во новиот состав на Парламентот.

Од Партијата Има таков народ (ИТН) на бугарскиот шоумен Слави Трифонов, кој ја има втората по големина пратеничка група во Парламентотндо која дојде без кампања, без претставување на политичката платформа, само со неговата лична каризма, за пратеник е избран и Танер Туркоглу. 

Поради поларизација меѓу силите во Парламентот веројатно е и се очекува да се формира коалициона Влада. 

 



Слични вести