Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп го прими министерот за правда на Северна Македонија Бојан Маричиќ

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на приемот на министерот за правда на Северна Македонија Бојан Маричиќ рече: „Одлучноста и заедничката волја за зајакнување на досегашната соработка на секое поле меѓу нашите две земји е јасна

1616878
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп го прими министерот за правда на Северна Македонија Бојан Маричиќ
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Adalet Bakanı Boyan Mariçiç1.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Adalet Bakanı Boyan Mariçiç2.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Kuzey Makedonya Adalet Bakanı Boyan Mariçiç3.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го прими министерот за правда на Северна Македонија Бојан Маричиќ, заедно со неговата делегација.

Шентоп ги повтори многу солидните историски и културни врски меѓу Турција и Северна Македонија.

„Одлучноста и заедничката волја за зајакнување на досегашната соработка на секое поле меѓу нашите две земји е јасна. Исто така, сегашното одлично ниво на нашите односи е манифестација на оваа состојба“, рече спикерот на турското Собрание.

Тој се потсети на неговата посета минатата година, по повод Денот на образованието на турски јазик во Северна Македонија.

„За време на мојата посета, имав корисни средби со вашиот претседател [Стево] Пендаровски, претседателот на Собранието мојот почесен брат [Талат] Џафери, премиерот [Зоран] Заев и претседателот на Уставниот суд [Салих] Мурат. Односите меѓу нашите парламентарни групи на пријателство и специјализираните комисии се исто така на добро ниво и редовно се воспоставуваат меѓусебни контакти“, рече Шентоп.

Тој истакна дека Северна Македонија е важна земја на Балканот и посочи дека двете земји имаат потенцијал за понатамошно развивање на пријателството на секое поле.

Шентоп најави дека министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, ќе ја посети Турција и ќе биде пречекан во турското Собрание, додавајќи дека се надева дека и премиерот Зоран Заев наскоро ќе ја посети земјата.

Претседателот на Собранието ја потврди поддршката на Турција за процесот на интеграција на Северна Македонија во евроатлантските структури, додавајќи дека и покрај пандемијата, обемот на трговската размена меѓу двете земји се зголемила.

„Со ажурирањето на Договорот за слободна трговија, обемот на трговијата и турските инвестиции во вашата земја ќе се зголемат. Во оваа насока, ние сме задоволни од почетокот на техничките разговори за ажурирање на овој договор“, рече Шентоп.

Во врска со терористичката организација ФЕТО, Шентоп рече дека оваа група ги продолжува своите активности во Северна Македонија под разни маски.

Тој повтори дека оваа организација претставува закана за сите земји во коишто има активности.

„Врз основа на братските и пријателските врски, ние на пријателските и братски земји им ја објаснуваме вистината за ФЕТО“, рече Шентоп.

- „Ние ја нудиме нашата поддршка во борбата против ФЕТО“ -

Од друга страна, министерот за правда на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ, изјави дека вчера имале многу продуктивна средба со министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

„На овој состанок разговаравме за прашања што ги засегаат двете земји и врз основа на ова наведов дека заедно ќе најдеме решенија за прашањата што треба да се реализираат меѓу двете земји“, рече Маричиќ.

Тој истакна дека неговата вчерашна посета на Одборот на судии и обвинители била добра можност за зајакнување на соработката.

Маричиќ рече дека вчера на средбата со неговиот колега Абдулхамит Ѓул имале можност да разговараат за борбата против терористичката организација ФЕТО.

„Во оваа прилика ја нудиме нашата поддршка како земја и како Министерство во борбата против ФЕТО. Продолжуваат комуникациите во врска со екстрадицијата на 25 лица. Кога ќе се вратиме, ќе зборувам отворено на оваа тема со нашите компетентни колеги. Знаеме колку е важно ова прашање за вас и сакаме да знаете дека нема да ја штедиме нашата поддршка по ова прашање“, рече министерот за правда на Северна Македонија Бојан Маричиќ. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести