Црногорскиот премиер Кривокапиќ бара смена на министерот за правда Лепосавиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ истакна дека како потреба на одговорноста во која се наоѓа министерот за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ своите лични мислења треба да ги задржи за себе

1615935
Црногорскиот премиер Кривокапиќ бара смена на министерот за правда Лепосавиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ побара да биде сменет министерот за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ, поради негирање на геноцидот во Сребреница.

Црногорскиот премиер Кривокапиќ во дадената изјава во главниот град Подгорица во врска со министерот Лепосавиќ кој го негира геноцидот во Сребреница кадешто за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995) според официјални бројки беа измасакрирани 8.372 цивили Бошњаци, го рече следното: „Како потреба на лична одговорност барам да биде разрешен од должност. Тоа го реков и минатата недела, го повторувам и денеска.“

Укажувајќи дека министерот Лепосавиќ не се откажува од својот став во врска со геноцидот, Кривокапиќ истакна дека како потреба на одговорноста во која се наоѓа Лепосавиќ своите лични мислења треба да ги задржи за себе.

Во меѓувреме, стотици екстремни српски националисти кои се противат на барањето на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ одржаа протести низ земјата.

Поддржувачите на ставот на црногорскиот министер за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќсе собраа во главниот град Подгорица и во други градови како Бар, Никшиќ, Плејвља и Беране при што пееја песни со негирање на геноцидот во Сребреница.

Инаку, министерот Лепосавиќ во својата претходно дадена изјава велејќи дека ќе го признае геноцидот во Сребреница „тогаш кога недвосмислено ќе биде утврден“ рече дека „Судот во Хаг (Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија) од чија страна е донесена пресудата за геноцидот го изгуби својот легитимитет“.

Инаку, во извршениот геноцид којшто започна со влегувањето на српските единици под команда на српскиот генерал Ратко Младиќ во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина на 11 јули 1995 година, за неколку дена беа измасакрирани најмалку 8.372 цивили Бошњаци чии мртви тела потоа беа закопани во различни масовни гробници

Поголемиот дел од српското население во областа дури и денеска избегнува случувањата во Сребреница да ги окарактеризира како „геноцид“.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2007 година донесе одлука со која во правец на поднесените докази од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) случувањата во Сребреница и околината се оценети како „геноцид“. 

 



Слични вести