Победникот на изборите во Бугарија Бојко Борисов предлага да се формира технократска влада

Актуелниот премиер на Бугарија Бојко Борисов чија партија ГЕРБ освои најголем број гласови на одржаните парламентарни избори на 4 април, предложи да се формира технократска влада

1615645
Победникот на изборите во Бугарија Бојко Борисов предлага да се формира технократска влада

На одржаните парламентарни избори во Бугарија на 4 април победи партијата на актуелниот премиер Бојко Борисов Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) со освоени 26,14 отсто од гласовите на борачите, меѓутоа не успеа да го обезбеди мнозинството за да може да формира самостојна Влада, а воедно нема цврсти изгледи дека лесно ќе може да формира и Влада. 

Во Собранието на Бугарија ќе бидат претставени 6 политички партии и коалиции.

Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека се изброени 99 отсто од гласачките ливчиња коишто се дојдени од локалните изборни комисии.

Според тоа, на изборите најголем број гласови освои Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на чело со актуелниот премиер Бојко Борисов со 26,14 отсто од гласовите. 

На изборите ниту една партија не можеше да го освои мнозинството за формирање на самостојна Влада, а во Собранието ќе бидат претставени 6 партии и коалиции.

Бојко Борисов кој претходно три пати ја извршуваше премиерската функција, истакна дека повторно е кандидат за премиер, но поради тоа што неговата партија ГЕРБ не располага со потребното мнозинство, предложи со поддршка на другите партии да се формира технократска Влада.

По соопштувањето на официјалните резултати од изборите, бугарскиот претседател Римен Радев се очекува задачата за формирање на новата Влада да му ја додели на Бојко Борисов, меѓутоа поради политичката поделеност на кампови во земјата се очекува коалиционите преговори да се одвиваат доста тешко.

 



Слични вести