Министерот за внатрешни работи Сојлу се состана со министерот за безбедност на БиХ Цикотиќ

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ најпрвин се потпиша во спомен книгата на Министерството, а потоа оствари средба лице в лице со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу

1615884
Министерот за внатрешни работи Сојлу се состана со министерот за безбедност на БиХ Цикотиќ

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу се состана со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ кој со многучлена делегација престојува во официјална посета на Турција.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ најпрвин се потпиша во спомен книгата на Министерството, а потоа оствари средба лице в лице со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Средбата помеѓу двајцата министри беше затворена за медиумите.

На остварената средба во Координативниот центар за безбедност и итни состојби (ГАМЕР) при Министерството за внатрешни работи, министерот Сулејман Сојлу ги информираше министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ и делегацијата во негова придружба и во врска со ГАМЕР.

 



Слични вести