Партијата ГЕРБ предводена од премиерот Борисов, победи на изборите

Објавени неофицијални резултати од изборите во Бугарија

1614881
Партијата ГЕРБ предводена од премиерот Борисов, победи на изборите

 

Според неофицијалните резултати, Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) предводена од премиерот Бојко Борисов, победи на општите избори во Бугарија.

Според излезната анкета на гласачката кутија на истражувачката компанија „Алфа рисрч“ објавена од Бугарската национална телевизија БНТ) по изборите за утврдување на новите мандатни членови на парламентот со 240 места, 7 политички партии и коалиции го поминаа прагот од 4 отсто.

Според резултатите од анкетата, партијата ГЕРБ на Борисов доби 25,7 отсто од гласовите, додека главната опозициска Бугарска социјалистичка партија (БСП) стана втора партија со освоени 17,6 отсто од гласовите.

Партијата „Има таков народ“ (ИТН), чиј лидер е шоуменот Слави Трифонов освои 15,5 отсто од гласовите, додека Движењето за права и слободи (МРФ) чие мнозинство се Турци освои 11 отсто од гласовите.

На изборите се натпреваруваа 6 илјади 895 кандидати од 30 политички партии и коалиции, а гласаа 6 милиони 355 илјади 633 регистрирани гласачи.



Слични вести