Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски се состана со претставниците на МАТУСИТЕБ

Претседателот на Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, кој во себе обединува 60 невладини организации кои ја претставуваат турската заедница во Република Северна Македонија

1612363
Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски се состана со претставниците на МАТУСИТЕБ

Денес претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, имаше средба со претставниците на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, што во себе обединува 60 невладини организации кои ја претставуваат турската заедница во Република Северна Македонија.

Претставниците на МАТУСИТЕБ на средбата ја претставија работата и севкупните активности на организацијата за зачувување и промовирање на националниот и културен идентитет на турската заедница во Северна Македонија.

Претставниците на МАТУСИТЕБ го информираа претседателот Пендаровски за формирањето и активностите на Националното координативно тело за попис на турскиот народ во Република Северна Македонија, како и за нивните заложби за спроведување успешен попис.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за напорите на организацијата за соодветна и правична застапеност во пописните комисии, со цел резултатите од пописот да дадат реалната слика од теренот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести