Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за лицата со посебни потреби во Радовиш

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за потребите на Црвениот крст на Северна Македонија во Радовиш донираше вкупно 100 инвалидски колички, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети

1612326
Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за лицата со посебни потреби во Радовиш
Kızılay'dan Kuzey Makedonya'ya Yardım.jpg
Kızılay'dan Kuzey Makedonya'ya Yardım1.jpg
Kızılay'dan Kuzey Makedonya'ya Yardım2.jpg

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и Црвениот крст на Северна Македонија, за лицата со посебни потреби во Радовиш донираше инвалидски колички, слушни помагала и хигиенски пакети.

Во рамките на помошта се донирани вкупно 100 инвалидски колички од кои 50 за возрасни и 50 за деца, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети.

На церемонијата на примопредавање на донацијата во градот Радовиш во југоисточниот дел на Северна Македонија генералниот директор на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Ибрахим Алтан изјави за новинарите дека денеска се наоѓаат во Радовиш со цел да донираат вкупно 100 инвалидски колички, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети на лицата со посебни потреби, кои се претходно утврдени од страна на Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.

Велејќи дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ со партнерот Црвениот краст на Северна Македонија работи од 1995 година, Ибрахим Алтан рече: „На таа соработка додадовме уште една нова. И понатаму ние ќе продолжиме да работиме задно со нив за да им помагаме на оштетените луѓе кои имаат потреба од помош.“

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин истакна дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија се две сестрински институции кои имаат тесна соработка, а воедно рече дека како Министерство за труд и социјална политика даваат поддршка за нивните ангажмани.

„Денеска сме овде поради донацијата што е пристигната од Република Турција. Преку Црвената полумесечина „Кизилај“ на Република Турција околу 100 колички за лицата со посебни потреби, имаме околу 25 слушни помагала, истовремено имаме и добра количина на хигиенска опрема што ќе им бидат доделени на семејствата.“ - рече заменик-министерот Енвер Хусејин.

Секретарот на Општина Радовиш Драги Стојанов, исто така се заблагодари за денешната донација и рече дека соработката меѓу турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија е обострана.

„Секогаш кога има потреба имаме и помош од нивна страна. Исто така сакам да истакнам дека и Советот на Општина Радовиш донесе одлука за доделување на финансиски средства во градот Измир по катастрофалниот земјотрес.“ - рече Стојанов.

Верица Беќарова, секретарка на Општинската организација на Црвениот крст во Радовиш, ја нагласи големата благодарност до генералниот директор на турската Црвена полумесечина „Кизилај“, рече дека 25 инвалидски колички ќе бидат донирани во Општина Радовиш, а останатите колички ќе бидат предадени во другите делови на Северна Македонија.

По изјавите за медиумите и официјалната средба во Општината, генералниот директор на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Ибрахим Алтан и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин го посетија селото Али Коч, каде што на лицата со посебни потреби во селото им ги предадоа инвалидските колички и слушните помагала.

Исто така, тие одблиску се запознаа со животот на овие лица и со проблемите со кои се соочуваат во селото.

 



Слични вести