Во Босна и Херцеговина пристигнаа 30 илјади дози вакцини донирани од страна на Турција

Вакцините против Ковид-19 кои ги вети претседателот Ердоган за време на остварената посета на членовите на претседателството на Босна и Херцеговина на Анкара на 16 март, денеска со амбулантен авион пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Сараево

1609977
Во Босна и Херцеговина пристигнаа 30 илјади дози вакцини донирани од страна на Турција

Во Босна и Херцеговина пристигнаа 30 илјади дози вакцини „Синовак“ коишто и беа донирани од страна на Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Вакцините против Ковид-19 кои ги вети претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на остварената посета на членовите на претседателството на Босна и Херцеговина на Анкара на 16 март, денеска со амбулантен авион пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Сараево.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Џикотиќ на одржаниот состанок за печатот на аеродромот им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на турскиот народ и го рече следното: „Турција, исто како и секогаш и денеска покажа дека е спремна да ни достави поддршка.“

Првиот потсекретар на Амбасадата на Турција во Сараево Озгур Шахин во оваа пригода истакна дека на инструкција на претседателот Ердоган веднаш беше стапено со контакт со надлежните служби на Босна и Херцеговина и додаде дека ќе продолжи поддршката на Босна и Херцеговина во нејзината борба против епидемијата.

Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина претходно соопшти дека вакцините по царинските процедури ќе бидат испратени во централниот магацин во Мостар, по што за распределбата ќе одлучува Советот на министри на БиХ и тие ќе бидат доставени до крајните корисници.



Слични вести