Амбасадорот на Турција во Скопје Мехмет Секизќок и сопругата амбасадорката во Софија Ајлин го посетија селото Калаузлија

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок и амбасадорката во Софија Ајлин Секизќок беа пречекани од страна на жителите на селото Калаузлија, деца, возрасни и жени облечени во оние нивни разнобојни шарени традиционални јуручки носии

1609961
Амбасадорот на Турција во Скопје Мехмет Секизќок и сопругата амбасадорката во Софија Ајлин го посетија селото Калаузлија
Türkiye Üsküp Büyükelçisi Sekizkök Kuzey Makedonya Kılavuzlu Yörük Köyü1.jpg
Türkiye Üsküp Büyükelçisi Sekizkök Kuzey Makedonya Kılavuzlu Yörük Köyü2.jpg
Türkiye Üsküp Büyükelçisi Sekizkök Kuzey Makedonya Kılavuzlu Yörük Köyü3.jpg
Türkiye Üsküp Büyükelçisi Sekizkök Kuzey Makedonya Kılavuzlu Yörük Köyü4.jpg
Türkiye Üsküp Büyükelçisi Sekizkök Kuzey Makedonya Kılavuzlu Yörük Köyü6.jpg

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок заедно и со неговата сопруга амбсадорката на Турција во Софија Ајлин Секизќок го посетија селото Калаузлија (Килавузлу) во кое живеат Турци Јуруци, мало село во областа Јуруклак во Општина Карбинци, сместено меѓу Штип и Радовиш, во источниот дел на Северна Македонија.

Овде амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок и неговата сопруга амбасадорката Ајлин Секизќок се состанаа со Турците Јуруци.

Двајцата амбасадори, беа пречекани од страна на жителите на селото Калаузлија (Килавузлу), деца, возрасни и жени облечени во оние нивни разнобојни шарени традиционални јуручки носии.

На официјалниот профил на Амбасадата на Турција во Скопје на социјалната мрежа Твитер врска со оваа негова посета на ова турско јуручко село на падините на планината Плачковица, кои се нарекуваат и се познати како Турци Јуруци, а кои се занимаваат со сточарство и земјоделство, стои напишано следното: „Во селото Килавузлу во Северна Македонија се состанавме со нашите браќа Јуруци. Им благодариме за искрениот пречек и гостопримството. Турција секогаш е покрај вас.“

За време на оваа посета на двајцата амбасадори, брачниот пар, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок и амбасадорката на Турција во Софија (Бугарија) Ајлин Секизќок беа доживеани колоритни моменти.

Двајцата амбасадори беа пречекани од страна на жителите на селото, деца, возрасни, мажи и жени облечени во оние нивни разнобојни шарени традиционални јуручки носии, и со турски знамиња во рацете.

Амбасадорот во Скопје Хасан Мехмет Секизќок и сопругата амбасадорката во Софија Ајлин Секизќок го посетија и училиштето ПООУ „Страшо Пинџур“ во с. Калаузлија.

Интересен момент од оваа посета за време на која беа доживеани силни емотивни чувства беше и тоа што од страна на јуручките жени на селото Калаузлија (Килавузлу) сопругата на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, амбасадорката во Софија Ајлин Секиќзок беше облечена во јуручка носија.

На официјалниот профил на Амбасадата на Турција во Скопје на социјалната мрежа Твитер во врска со овој интересен момент е напишано следното: „Нашите јуручки жени во селото Килавузлу на сопругата на нашиот амбасадор, на амбасадорката во Софија г-ѓа Ајлин, ѝ облекоа традицонални носии, ја украсија со сребрен појас и со традиционална шамија со украси и везови. Им ја испраќаме нашата љубов на нашите браќа/сестри.“

Амбсадорката на Турција во Софија Ајлин Секизќок исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со оваа посета напиша: „Го доживеав едниот од најпријатните денови во мојот живот. Поздрав до нашите браќа/сестри во нашето јуручко село Килавузлу во Македонија.“

 

 

 



Слични вести