Ерсан Санер: ЕУ се додека продолжува да врши неправда не може да има било каков придонес за Кипарското прашање

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер истакна дека се додека Европската унија (ЕУ) продолжува да врши неправда кон кипарските Турци не може да има било каков придонес за Кипарското прашање

1609281
Ерсан Санер: ЕУ се додека продолжува да врши неправда не може да има било каков придонес за Кипарското прашање

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер истакна дека се додека Европската унија (ЕУ) продолжува да врши неправда кон кипарските Турци не може да има било каков придонес за Кипарското прашање.

Според објавеното писмено соопштение од Партијата за национално единство (УБП) , премиерот Ерсан Санер направи проценка во врска со завршната декларација на Самитот на Европската унија (ЕУ) за месец март.

Санер истакна дека тоа што во завршната декларација се изостануваат од вид некомпромисноста, провокативноста и алчноста (нивниот обид за насилно одземање на правата на кипарскиот народ) на двојката кипарските Грци-Грција и тоа што активностите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција за сондажа во Источниот Медитеран се окарактеризирани како незаконски, е во спротивност со правото и претставува неприфатлива грешка.

Нагласувајќи дека Европската унија (ЕУ) не може да се меша во врска со чекорите и договорите коишто ги преземаат и постигнуваат Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција за утврдување на својот континентален гребен и ексклузивната економска зона, Санер ја изнесе следната констатација: „Европската унија (ЕУ) не располага со надлежност и донесување пресуда по ова прашање.“

Санер привлече внимание дека земјите членки на Европската унија (ЕУ) во име на применување на наметнувањата на Грција и Кипарско-грчката управа, продолжуваат да вршат неправда против кипарските Турци. 

Тој информира дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема да се откаже од своите права и со поддршка и на татковината Турција, ќе продолжи да ги брани своите права.

„Апсолутно нема да се дозволи да бидат насилно одземени нашите права во Источниот Медитеран. Ќе продолжат да се спроведуваат активностите за сондажа во Источниот Медитеран според планираното, тогаш кога ќе дојде времето за тоа.“ - рече Санер. 

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер во продолжение го рече следното: „Доколку Европската унија (ЕУ) сака да придонесе за решавање на Кипарското прашање, што поскоро треба да ја согледа вистината за постоење на кипарскиот турски народ кој располага со еднакви права со кипарските Грци на Кипар, кој од страна на кипарските Грци беше протеран од Кипарската Република чиј беше основач, кој откако не можеше да се добие решение на разговорите за федерација коишто траеја со години поради тоа што кипарските Грци имаа за цел да се вратат во оние мрачни денови пред 1974 година искористувајќи го своето право за определување на сопствената иднина (селф детерминација) ја прогласи својата независност, ја формира својата држава и кој нема намера да се откаже од неја.“

 



Слични вести