Избрана новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти

За новата Влада на чело со Курти, победникот на одржаните предвремнеи парламентарни избори на 14 февруари, од вкупно 120 пратеници колку што брои Собранието на Косово гласаа 67 пратеници, 30 беа против, а воздржани немаше

1606513
Избрана новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти

На одржаната вонредна седница на Собранието на Косово е изгласана доверба на новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти, лидерот на Движењето „Самоопределување“ (ВВ).

На тој начин Албин Курти стана новиот премиер на Косово.

За новата Влада на чело со Курти, победникот на одржаните предвремнеи парламентарни избори на 14 февруари, од вкупно 120 пратеници колку што брои Собранието на Косово гласаа 67 пратеници, 30 беа против, а воздржани немаше. За избор на Владата беше доволно да се освои просто мнозинство или 61 глас од 120 пратеници.

Премиерот Албин Курти во одржаниот говор во Собранието нагласи дека Косово нема друга алтернатива од Европската унија (ЕУ), додека во процесот на дијалогот помеѓу Косово и Србија приоритет ќе им се придаде на лицата кои се водат како исчезнати.

Велејќи дека ќе работат неуморно на патот земјата да стане дел од НАТО и ЕУ со кои се споделуваат заендички вредности и цели, Курти рече: „Патот што води кон интеграција со Европската унија (ЕУ) можеби е пат со предизвици, меѓутоа Косово нема алтернатива.“

Од друга страна пак, Глаук Коњуфца кој е избран за претседател на Собранието согласно Уставот ќе ја извршува и функцијата претседател на Косово.

- Новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Кутри -

Во владиниот кабинет ќе има 15 министерства, три заменик премиери, а меѓу нив се пет жени.

- Првиот заменик премиер е за европски интеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими.

- Втора заменичка на премиерот и министерка за надворешни работи и дијаспора е Доника Гервала.

- Трета заменичка на премиерот е вицепремиерката за малцинства Емилија Реџепи, од бошњачката партија Нова демократска партија.

- Министер за финансии, труд и трансфери е Хекуран Мурати.

- Министер за правда е Албуне Хаџиу.

- Министер за здравство е Арбен Витиа.

- Министер за образование, наука, технологија и иновации е Арберие Нагавци.

- Министер за култура, млади и спорт е Хајрулах Чеку.

- Министер за администрација, локална управа е Елберт Красниќи од египќанската заедница.

- Министер за жвиотна средина, просторно планирање и инфраструктура е Либурн Алиу.

- Министер за земјоделство е Фатон Пеци.

- Министер за образование е Арменд Мехај.

- Министер за внатрешни работи и јавна управа е Џелал Свечла.

- Министерка за индустрија, претприемништво и трговија е Розета Хајдари.

- Министер за економија е Артан Ризваноли.

- Министер за заедници е Горан Ракиќ од Српска листа.

- Лидерот на Турската демократска партија на Косово Фитим Дамка е министер за регионален развој.

 



Слични вести