Глаук Коњуфца избран за нов претседател на Собранието на Косово

На конститутивната седница на осмиот состав на Собранието на Косово со учество на пратениците од новиот состав за нов претседател на Собранието е избран пратеникот на Движењето „Самоопределување“ (ВВ) Глаук Коњуфца

1606194
Глаук Коњуфца избран за нов претседател на Собранието на Косово

Глаук Коњуфца, пратеникот на партијата која излезе како победник од изборите Движењето „Самоопределување“ (ВВ) е избран за нов претседател на Собранието на Косово.

На конститутивната седница на осмиот состав на Собранието на Косово со учество на пратениците од новиот состав по одржаните предвремени избори на 14 февруари, за нов претседател на Собранието е избран пратеникот на Движењето „Самоопределување“ (ВВ) Глаук Коњуфца.

На гласањето што се одржа на седницата на која учествуваа 113 од вкупно 120 пратеници Коњуфца ги доби гласовите на 69 пратеници, 33 беа против, а воздражани немаше.

За избор на претседател на Собранието беше доволно да се добие просто мнозинство, односно 61 глас од 120 вкупно пратеници.

Глаук Коњуфца во првиот говор што го одржа како претседател на Собранието   им се заблагодари на пратениците, како и на граѓаните за изборот и вети дека својата должност ќе ја извршува чесно, одговорно и посветено и дека нема да прави разлика меѓу пратениците по нивната партиска припадност.

Во меѓувреме, за потпретседатели на Собранието се избрани Саранда Богујевци од „Самоопределување“, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово (ПДК) и Кујтим Шала од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

За потпретседател на Собранието од редовите на српската заедница во земјата е избран Славко Симиќ.

Од другите малцинства бошњачката, турската, ромската, ашкалиската и египќанската заедница, ротационо во согласност со мандатот во Собранието ќе се менуваат кандидатите, а прв ќе биде Беким Арифи од ашкалиската заедница.

 



Слични вести