Церемонија во Амбасадата на Турција во Скопје по повод 106-годишнината од Победата на Чанаккале

На церемонијата, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, истакна дека секој шехид во историјата има своја различна приказна, но дека заедничка точка на овие приказни е љубовта кон татковината

1604198
Церемонија во Амбасадата на Турција во Скопје по повод 106-годишнината од Победата на Чанаккале
TC Üsküp Büyükelçiliği Çanakkale Zaferi Töreni1.jpg
TC Üsküp Büyükelçiliği Çanakkale Zaferi Töreni2.jpg
TC Üsküp Büyükelçiliği Çanakkale Zaferi Töreni3.jpg
TC Üsküp Büyükelçiliği Çanakkale Zaferi Töreni4.jpg

Во Амбасадата на Република Турција во Скопје се одржа церемонијата по повод 18 Март, Денот на Победата на Чанаккале и Денот на шехидите.

На церемонијата по повод Денот на Победата на Чанаккале и Денот на шехидите присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, воениот аташе на Турската Амбасада во Скопје, полковник Серкан Чакир, заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Македонија, Мустафа Тарик Коџа, претставници на политички партии во земјата, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

На церемонијата, која започна со едноминутно молчење и интонирање на турската химна, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, истакна дека секој шехид во историјата има своја различна приказна, но дека заедничка точка на овие приказни е љубовта кон татковината.

Амбасадорот Секизќок, во своето обраќање на церемонијата наведе дека со благодарност се сеќава на предците и шехидите од овие простори, кои ја прифатија [Северна] Македонија како татковина и со векови ја воспоставуваа културата на заедничкото живеење.

„Од нејзината независност, Турците од [Северна] Македонија продолжуваат да вложуваат големи напори за подобра иднина на [Северна] Македонија на секое поле и да го зголемуваат нивото на благосостојба. Ги поздравувам со почит“, нагласи амбасадорот Секизќок.

Турцијa, како што нагласи амбасадорот Секизќок, со сите свои институции и организации ќе стои и ќе продолжи да стои зад Турците од Северна Македонија, зад браќата на овие простори кои се аманет на предците и шехидите на Турците од Турција.

Амбасадорот исто така додаде дека секогаш треба да се сеќаваме дека [Северна] Македонија има исклучително место во турската историја.

Воениот аташе на турската Амбасада во Скопје, полковник Серкан Чакир, во своето обраќање по повод годишнината од Победата на Чанаккале рече дека денеска се одбележува 106. годишнина од Денот на Победата на Чанаккале и Денот на шехидите.

„Победата во Чанаккале беше пресвртна точка во светската историја, а турската нација играше одлучувачка улога низ таа историја. Треба да се знае дека оваа победа не беше лесно постигната, а продолжувањето на присуството на турската нација во Анадолија беше можно со победата во оваа војна“, рече полковник Серкан Чакир.

На крајот на церемонијата по повод 18 Март, Денот на битката на Чанаккале и Денот на шехидите, заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, Мустафа Тарик Коџа, читаше молитва за шехидите во Битката за Чанаккале.

По завршувањето на церемонијата во Мустафа-пашината џамија во Скопје, Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, во соработка со Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) организира рецитирање на Куранот и молитва по повод 18 Март - Победата на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите.

Молитви од Куранот рецитираа муезинот на Мустафа-пашината џамија, Фуркан Јахја, хафизот Џемал Нухиу и заменик-советникот за верски услуги при Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, Мустафа Тарик Коџа.

Како претставник на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) присуствуваше генералниот секретар Ирсал Јакупи. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести