Дали Македонија ќе биде тема во април на ЕУ?

Криза во врска со вакцините постои и во самата Унија, бидејќи проектот Ковакс се покажа како неделотворен

1603501
Дали Македонија ќе биде тема во април на ЕУ?

 

Република Северна Македонија и натаму мака мачи со снабдувањето со неопходните количини на вакцина, со што би ги имунизирала макар половината од жителите во земјата. Деновиве овде во Република Северна Македонија се повеќе се вжештуваат критиките кон Министерството за здравство, како и целосно кон владата во врска со ова прашање, кое се заканува да прерасне во вистинска здравствена но и политичка криза во Македонија со тешки последици. Дел од македонската јавност покажува склоност кон тоа наместо безочно да ја критикува владата, проблемот го наоѓаат во тоа што Република Северна Македонија не е членка на Европската Унија, па тоа претставува голем хендикеп. Но веднаш да одбележам дека криза во врска со вакцините постои и во самата Унија. Бидејќи проектот Ковакс се покажа како неделотворен.

Се разбира во сенка на овие дискусии, паралелно  се водат и дискусиите за напорите на оваа влада за започнување на преговори со Унијата. Како што е познато, патот на Македонија кон Унијата е попречен од страна на соседна Бугарија со поставување на вето. Морам да истакнам дека Унијата кога е во прашање спорот меѓу Македонија и Бугарија (како и во многу други случаји) води една лицемерна политика, која не се совпаѓа со принципите и почитувањето на основните постулати на Унијата. Таа дозволува на Бугарија во меѓусебните односи да наметне едно прашање кое не постои во договорот потпишан од двете страни во 2017 година. Договорот во моментот на потпишувањето, претставуваше силна порака до Европската Унија и до НАТО дека земјите од Балканот градат мост на соработка со цел перспективна иднина за своите граѓани, оценија премиерите на Македонија и Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Но излезе дека работите не одат така лесно. Република Северна Македонија е попречена да започне преговори со ЕУ, поради нејзиниот сосед, која стави потпис на овој договор. Затоа деновиве со заедничко писмо, девет земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, од високиот претставник за нaдворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, бараат Западен Балкан итно да се врати на агендата на Унијата. Тие предлагаат на еден од следните состаноци на Советот за надворешни работи на дневен ред да биде стратешка дискусија за регионот. Се верува дека е крајно време да се погледне стратешки на Западен Балкан, укажуваат министрите за надворешни работи на Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија во заедничкото писмо.

Во писмото, тие тврдат дека ситуацијата многу се сменила од последната дискусија за проширувањето во август 2019 година, особено дека „имало динамични внатрешни политички случувања во земјите од регионот“. Како одговор на ова писмо дојде одговор од Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел. Според првиот човек на дипломатијата на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан е процес кој се одвива „чекор по чекор“. Земјите од регионот мора да си ја извршат домашната задача, порача Жозеп Борел. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Европската унија не се преправа оти го сака Западен Балкан во свои рамки, но и дека државите од тој регион „мораат да ја завршат својата домашна задача“ и да извршат реформи. Како приоритети во реформите во државите од Западен Балкан, Борел ги истакна независното судство и борбата против корупција. „Државите од Западен Балкан мораат да ја завршат својата домашна задача, мораат да извршат реформи и да исполнат стандарди за да бидат прифатени како членки“. Според високи претставници на Унијата европската перспектива останува мотор за реформите во државите од регионот и оти „не е фер да се каже оти ЕУ само зборува, а не делува кога станува збор за проширување на Западен Балкан. Тие тврдат дека вложуваат многу пари за да им помогнат на државите од Западен Балкан да извршат реформи и да ги унапредат своите економии и политичкиот и правосудниот систем за да се приближат на системот на ЕУ“.

Според нив интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е процес кој се одвива „чекор по чекор“.  Ќе се започне со пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Повторно ќе започнат преговори меѓу Србија и Косово со специјален пратеник и дека го поставиле тој дијалог на пат“, нагласуваат високи претставници на ЕУ. Но очигледно ситуацијата покажува сосема нешто друго. Дали ќе се остварат овие ветувања на официјалните лица на ЕУ, останува да се види.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести