Ќе имаме ли амбасадор во САД или не?

Македонскиот премиер Зоран Заев порачува дека нема да коментира вакви фејк њуз информации се додека не добијат агреман

1599290
Ќе имаме ли амбасадор во САД или не?

Додека медиумите блиски на опозицијата во Македонија лиферуваат најразлични комбинаторики околу можните кандидати за пополнување на амбасадорските места, меѓу кои и за „најпосакуваното“ во САД, македонскиот премиер Зоран Заев порачува дека нема да коментира вакви фејк њуз информации се додека не добијат агреман. Одговарајќи на новинарско прашање: „Дали е точно дека професорот Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во Вашингтон, бидејќи не е добиена согласност наводно од американските власти, премиерот Заев вели дека ниту Владата, ниту која било институција коментира именување амбасадори додека не завршат постапките за која било земја или на кое било ниво. Дури многу често и именувањето на почесните конзули не го коментираме додека не заврши постапката вели тој. Кога ќе завршат сите постапки, односно одлуки на влади, агреман од претседателот на државата, агреман од земјата домаќин каде испраќаме амбасадор, соопштуваме бидејќи седницата во парламентот е јавна“, вели македонскиот премиер. Некои новинари, потврдува дека слушнал околу комбинаториките за Фрчкоски како амбасадор, но во Њујорк, а не во Вашингтон. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влада, па се добива агреман од претседателот на државата, па дури после агреман од земја-домаќин“. Истото го потврди и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека наводно тој се повлекува, биле од медиумите. Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор, никако не треба да се земе како официјална вест.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта направила скандал и наводно ја понижила САД. Според претставниците на оваа партија, „На ранг на дипломатски скандал е што владата мислела дека “домат-дипломатијата” на Заев –Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчкоски“. Според некои аналитичари во земјата, откажување од политиката „Америка на прво место“ (инаку стратешки партнер на Република Северна Македонија) значи повеќе грижа за соработка со сојузниците во светот, меѓу кои е и најновата членка на НАТО, Република Северна Македонија сметаат тие. Се разбира дека по изборот на Бајден за претседател на САД на некој начин според многумина ден на демократијата, почеток на ново поглавје, враќање на вредностите на демократијата, засилување на трансатлантското пријателство... Ова се дел од пораките во честитките кои уследија по стапувањето на должност на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Од тогаш се појавија бројни анализи за претстојните политики на САД во пост-трампово време. Според аналитичарите, сега, следува период на обединување околу вредностите на демократијата. Се верува дека САД под водство на Бајден ќе останат стратешки партнери на Република Северна Македонија, Албанците и целиот Балкан за време на веќе неповратниот процес кон целосната интеграција на Република Северна Македонија, во Европската Унија, но и во продлабочувањето на традиционалното пријателство со Америка. Соработката меѓу Македонија и САД е искрена и се споделуваат истите вредности. Затоа секој успех во односите меѓу двете земји се постигнати заедно, секој успех е заеднички. Од овие причини не е баш небитно, кој ќе биде идниот амбасадор на Република Северна Македонија во САД, која земја инаку подолго време не е покриена со македонски амбасадор. Крајно несериозен однос на македонските власти. Поготово ако се земе во предвид дека минатата година се наполнија 25 години од денот кога меѓу Вашингтон и Скопје се воспоставија дипломатски односи. Точно е дека САД и Северна Македонија имаат најсилни односи од кога било. Северна Македонија стана најнова членка на НАТО. Она што почна како Канцеларија за врски со едно биро денеска е модерен објект кој ги симболизира растечките односи низ годините меѓу двете земји“, тоа во превод значи дека партнерството меѓу двете земји е исклучително цврсто. Од тие причини дочекувањето на новиот американски претседател без свој амбасадор во САД е крајно несериозна работа. „Кога малите држави си го дозволуваат луксузот да немаат амбасадори кај големите сили, си прават штета себеси, не на големата сила. Во отсуство на моќ, главната девиза во трансакциите меѓу државите во светот, малите држави мораат да го бранат својот углед со беспрекорно поведение, што не е случај со Македонија. Имено, немање амбасадор во Вашингтон го нарушува угледот на Реpублика Северна Македонија. Затоа час поскоро македонската амбасада во САД треба да се пополни со амбасадопр кој ќе може да одговара на овие предизвици.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести