Во Северна Македонија отворена Академија за млади дипломати

Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок истакна дека Академијата за млади дипломати е значаен проект за општествена одговорност, каде што младите во националните и меѓународните платформи ќе можат да го изразат своето мислење и да стекнат искуство

1597509
Во Северна Македонија отворена Академија за млади дипломати
Kuzey Makedonya Genç Diplomat Akademisi.jpg
Kuzey Makedonya Genç Diplomat Akademisi1.jpg

Во организација на Фондацијата за младина на Турција (TÜGVA) и на Турскиот младински клуб (TGK) од Северна Македонија, во Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово се одржа пригодна програма по повод отворањето на Академијата за млади дипломати.

На промоцијата на Академијата присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, заменик-министерот за култура на Северна Македонија Седат Сулејмани, членот на Одборот на директори од Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) Хасан Ташчи, претседателот на Фондацијата за млади во Турција (TÜGVA) Енес Еминоглу, и други претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Во своето обраќање, амбасадорот на Турција во Скопје истакна дека Академијата за млади дипломати е значаен проект за општествена одговорност, каде што младите во националните и меѓународните платформи ќе можат да го изразат своето мислење и да стекнат искуство во однос на дипломатијата.

„Цврсто верувам дека вие младите луѓе, со силно чувство на припадност и инспирирани од нашата античка култура како самоуверени индивидуи ќе подготвите светла иднина“, нагласи амбасадорот Секизќок.

Осврнувајќи се на своето искуство како долгогодишен дипломат, амбасадорот Секизќок, потсетувајќи дека функциите на дипломатијата се повеќеслојни, рече дека од еден дипломат не се очекува да ги штити и промовира интересите на неговата земја, туку и да придонесе кон меѓународниот мир, безбедноста и стабилноста.

Членот на Одборот на директори на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) Хасан Ташчи, истакна дека моментално Фондацијата „Маариф“ е една од најголемите образовни структури во светот.

„До денес како Фондација „Маариф“ посетивме повеќе од 100 земји, имаме активности во 67 земји, имаме претставништва, училишта, едукативни центри, студентски домови во 43 земји. Имаме вкупно 353 училишта и 41 студентски дом. Приближно 42.000 ученици и 7.000 наставници и придружен персонал“, нагласи Хасан Ташчи.

Ташчи исто така додаде дека во иднина Фондацијата ќе продолжи да се развива, дека за тоа вложуваат големи напори и дека вчера разговарале за отворање на едно училиште во Скопје.

Наведувајќи дека Турција во последните 20 години многу е посветена на активната дипломатија, претседателот на Фондацијата за младина на Турција (TÜGVA) Енес Еминоглу, рече дека кога ќе се спомене дипломатија најпрвин се потсетува на слоганот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дека „Светот е поголем од пет“.

Еминоглу, наведувајќи дека проектот за Академијата за млади дипломати го започнале од Северна Македонија, рече дека не е можно да се изгуби нивниот интерес за овие места каде што живеат нивните сонародници.

„Турција во многу области практикува шатл-дипломатија. И, се разбира, овој развој до денес е постигнат со целта и волјата што се поставени во последните 20 години“, рече Еминоглу.

Претседателот на Турскиот младински клуб, Онур Лоч, нагласи дека проектот за Академијата за млади дипломати ќе биде многу значаен за младите граѓани од турска етничка припадност во Северна Македонија и потсети дека младите исто така ќе имаат прилика да стажираат во Турција.

На Академијата за млади дипломати, што ќе трае 10 дена, ќе се образуваат 20 ученици кои ќе стекнат меѓународно искуство и вештини во областа на дипломатијата. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести