ТИКА додели опрема за пластеници и семе за 140 семејства во Општина Василево во Северна Македонија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Општина Василево во Северна Македонија, донираше опрема за стаклена градина (пластеници/стакленици) и семе за 140 семејства

1598092
ТИКА додели опрема за пластеници и семе за 140 семејства во Општина Василево во Северна Македонија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на Проектот за одржливо земјоделско производство-стаклена градина во Општина Василево во Северна Македонија, донираше опрема за стаклена градина (пластеници/стакленици) и семе за 140 семејства.

На свеченоста за доделување на опремата присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, координаторите на ТИКА и на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Халим Омер Согут и Серхат Кула, директорот на Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија Мустафа Дилиоглу, градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев и голем број жители од општината.

Во своето обраќање пред жителите на Василево, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок истакна дека ги носи поздравите и најубавите желби на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на турскиот народ и на почитуваниот министер за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.

„Турција од денот на стекнување на независноста на Македонија секогаш била покрај неа. Нашето присуство денес овде е манифестација на ова разбирање. Отсекогаш ја обезбедувавме поддршката што ѝ е потребна на Македонија во областа на производството и вработувањето. И понатаму ќе продолжиме да поддржуваме во рамките на нашите можности. Никој не треба да се посомнева во тоа“ - рече амбасадорот Секизќок, додавајќи дека ќе продолжат да го носат на овие простори искуството на Турција во областа на земјоделството.

Координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје Халим Омер Согут, потсети дека ТИКА со 62 канцеларии во 60 земји на пет континенти во светот работи за реализација на проекти за одржлив развој.

Согут информира дека во периодот 2005-2021 година во Северна Македонија се ставени во примена повеќе од илјада проекти. 

Согут рече: „Главната причина зошто сме овде е реализацијата на проектот за пластеници/стакленици во земјоделството, што е од големо значење, со цел да се зголеми квалитетот на животот на нашите граѓани што живеат во руралните области и да се зајакне нивната економска моќ.“

Во овој контекст, како што рече тој, за вкупно 140 семејства кои се занимаваат со земјоделство донирана е опрема за стаклена градина (пластеници/стакленици) за да се обезбеди одгледување на високопродуктивна сорта на зеленчук, односно пиперки и домати.

Градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, истакна дека за него претставува особена чест и задоволство што е домаќин на денешниот настан и дека се финализира проектот за пластеници/стакленици, односно опремата за пластеници којашто се состои од железна конструкција, најлон, систем капка по капка и семе.

„Како градоначалник на Општина Василево изразувам голема благодарност до Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, а особено до турскиот народ со кој отсекогаш сме пријатели и имаме одлична соработка.“ - порача градоначалникот Јанев.

 



Слични вести