Претседателот на ТРСК Ерсин Татар ја прими специјалната претставничка на ОН за Кипар Џејн Хол Луте

Претседателот Ерсин Татар на приемот истакна дека доколку се постигне соодветен договор на Кипар тоа веќе ќе биде соработка помеѓу две еднакви држави кои ќе живеат една покрај друга, на основа на суверена еднаквост

1597522
Претседателот на ТРСК Ерсин Татар ја прими специјалната претставничка на ОН за Кипар Џејн Хол Луте

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ја прими во претседателскиот дворец во Лефкоша специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Кипар Џејн Хол Луте.

Претседателот Татар на приемот истакна дека доколку се постигне соодветен договор на Кипар тоа веќе ќе биде соработка помеѓу две еднакви држави кои ќе живеат една покрај друга, на основа на суверена еднаквост.

По остварената средба, претседателот Ерсин Татар во направената проценка за претставниците на печатот потсети дека од 27 до 29 април под водство на Обединетите нации (ОН) со учество и на гаранторските земји (Турција, Грција и Велика Британија) ќе се одржи неформален состанок на тема Кипар во формат 5+1.

Велејќи дека тие како кипарска турска страна како и секогаш ќе учествуваат на состанокот со добронамерност за да би можело да се постигне праведен, траен и одржлив договор, Татар подвлече дека се во потрага по поразлична основа, а како што рече за договор на пофедерална основа и поразличен состанок од досегашните на коишто не можеше да се добие резултат.

Татар нагласи дека од страна на некои средини се изнесуваат рестриктивни проценки кон кипарско-турска страна од видот на параметрите и одлуките на Обединетите нации (ОН), како и одредени очекувања на Европската унија (ЕУ) и појасни дека нема потреба од тоа.

„Доколку се постигне соодветен договор на Кипар тоа веќе ќе биде соработка помеѓу две еднакви држави кои ќе живеат една покрај друга, на основа на суверена еднаквост. Со Луте дискутиравме за тоа дека може да се постигне договор со воспоставување на еднаквиот меѓународен статус на овие две држави.“ - рече претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

 



Слични вести